Двобројот 1-2 за 2021 година на литературното списание „Современост“ излезе од печат
Деновиве излезе од печат редизајнираниот двоброј (1-2) на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2021 година. Двобројот опфаќа 49 прилози на 306 страници, вклучувајќи: 15 прилози поезија, 4 прозни прилози, 11 прилози од преведени автори, 10 прилози од рубриката интерпретации, 6 рецензии, драмски текст и книжевни разговори.