Во соработка со Mediterranean Events, во сабота, 2ри март, во Millenium Chapel во Ст.Џулијан, Малта, македонската композиторка Дарија Андовска ќе се претстави со целовечерен мултимедијален концерт под наслов LIQUID- CRYSTAL, како што е наречено и нејзиното авторско ЦД во издание на СОКОМ. Автор на видеата е Мартин Иванов.

 

Дарија Андовска е еден од најплодните македонски автори, со широк спектар на делување. Нејзините дела се изведувани, издавани и наградувани во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД, Кина.


Избрана меѓу најдобрите шест млади и актуелни композитори во Европа за MusMA- Music Masters on Air 2013/14. Добитник на наградата “Виртуоз“ 2013  и 2015 за најдобар композитор во Македонија. Добитник на наградата “Истакнат уметник на Град Цирих- Композитор“ за 2014/2015.
Претставник на Македонија за CEEC (Централно-источна Европа и Кина) 16+1 2016/2017 и 2018/2019. Добитник на наградата „Панче Пешев“ 2018 која Сојузот на композитори на Македонија ја доделува за највисоко достигнување од областа на музичкото творештво.


Работи како вонреден професор на Факултетот за музички уметности, како и на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

 

ПП

2ри март 2019 лето Господово