Marko.K.Branka41.

ПРОМОЦИЈА НА ТРИ НОВИ АУДИО ИЗДАНИЈА НА СОКОМ, МЕЃУ КОИ И „ЦРКОВНОТО ПЕЕЊЕ ОД СЛОВЕНСКО – ВИЗАНТИСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА“ ВО ИЗВЕДБА НА ХОРОТ НА ТАНЕЦ

 

Marko.K.Branka40.


            На 6 декември (среда) во 13 часот, во просториите на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, беа промовирани трите нови аудио изданија на СОКОМ публикувани во 2023 година„Историски снимки со дела од историско значење“, авторскиот албум „Од композиторскиот опус на Борис Светиев“, како и аудио прилогот кон списанието „Премин“, со наслов „Црковното пеење од словенско – византиската традиција во Македонија“ во изведба на хорот на Танец.

 Marko.K.Branka.

Marko.K.Branka42.

            На почетокот, од името на издавачот СОКОМ, присутните ги поздрави промоторот и модератор м-р Бранка Костиќ-Марковиќ, долгогодишен редовен член на здружението и уметнички раководител во НУ Танец, која рече дека објавувањето на национална музика е од клучно значење за зачувување на културното наследство, за поттикнување на чувството за национален идентитет, за претставување на земја на глобално ниво и за едукација на идните генерации за нивните корени. Со националната музика се негува чувството на гордост и единство на една нација, а објавувањето и ширењето на оваа музика помага да се зачува македонското културно богатство за иднината.
- „Денеска сме тука да го одбележиме излегувањето на три парчиња музика, едното ги вади од прашина, ги реафирмира, односно ги афирмира трајните снимки македонско творештво, кои постоеле, но кои паднале во заборав. Второто сведочи за актуелниот миг, на она што во моментов се создава преку опусот на еден композитор од поновата генерација и кое само вака трајно втиснато има потенцијал еден ден да стане културно наследсво. А третото , звуковно возобновува една драгоцена музичка практика за нашиот културен идентитет, која останала во ракописите, била жива во минатото, но општествените и историските превирања ја потиснале, ја замаскирале, па и ја замениле со практиките на соседните народи и култури, а сега благодарение на откриените и дешифрираните ракописи, преку сценска изведба, повторно е оживеана“- истакна Костиќ-Марковиќ и потоа им даде збор на другите тројца промотори за да претстават по едно од трите изданија.

Marko.K.Branka11.

Marko.K.Branka2.

              Истакнатиот македонски музиколог, Марко Коловски, говореше за ексклузивноста на аудио втиснати на изданието со наслов: ИСТОРИСКИ СНИМКИ СО ДЕЛА СО ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ. Овој носач на звук со историски аудио снимки од архивата на Македонската радио и телевизија е раритетно дискографско издание кое содржи тонски записи на дела на македонските композитори Кирил Македонски, Живко Фирфов, Благоја Ивановски, Ладислав Палфи и Тихомир Карапанчевски.
- „За овие снимки до неодамна не се знаело дека постојат, зашто некои од нив ги немало ниту во пописот на нивните автори, каков што е случајот со снимките на композициите на Живко Фирфов и Ладислав Палфи, кој се јавува и како диригент на Словенечката филхармонија. Уште еден ексклузивитет е и тоа што сите записи главно се направени пред седумдесетина години, на самите почетоци на тонското снимање кај нас. Исто така, сите изведувачи, без исклучок, не се повеќе меѓу нас. Заради сите овие факти, изданието оправдано го носи насловот: „Историски снимки со дела со историско значење“. Инаку, компакт дискот е означен со бројот еден, што навестува дека изданието е само едно од серијата изданија со вакви уникатни снимки од продукцијата на СОКОМ и МИЦ, кои вклучуваат дела со исклучителна важност за нашата културна меморија. Неговото издавање е поддржано од Министерството за култура на РСМ“ – истакна Коловски.

Marko.K.Branka5.

Marko.K.Branka4.
           Потоа, збор зема м-р Весна Малјановска, долгогодишен новинар на МРТ и музички истражувач, која го претстави првиот авторски албум на современиот македонски композитор Борис Светиев. Ова издание со наслов „Од композиторскиот опус – Борис Светиев“ е уште едно издание од едицијата на СОКОМ посветена на авторските опуси на македонските композитори.
Малјановска, покрај темелниот музиколошкиот осврт кон карактеристиките на композиторскиот јазик и творештвото на композиторот Светиев, го претстави овој негов дебитантски албум, кој прави пресек на неговото најзначајно творештво сочувано преку трајни аудио записи:
- „Албумот содржи седум дела од творештвото на Светиев за разновидни изведувачки состави, односно снимки на композиците: „Квартет за виолина, виолончело, пијано и ударни инструменти“ во изведба на Милена Коловска, Кирил Јосифов, Борис Светиев и Горан Митрев; „FANTASY for S“ за две пијана во изведба на Тамара Коминовска и Иван Трајковски; „Фантазија за пијано“ во изведба на Мерита Реџа Терсана; „Чуден патник“ за глас и пијано“ во изведба на Весна Гиновска-Илкова и Кристина Светиева; „Три минијатури за пијано„ во изведба на Борис Светиев; „Кристална хумореска“ за дувачки квинтет во изведба на Ankara wind quintet; и „Концертни етиди за пијано и симфониски оркестар“ во изведба на Кристина Светиева и Филхармонија, под диригентство на маестро Борјан Цанев. Изданието е заеднички проект на СОКОМ и Балканскиот музички форум, а е поддржано од Министерството за култура на РСМ“.

 Marko.K.Branka9.

           Во третиот дел од тројната промоција на СОКОМ, на која присуствуваа видни личности од нашиот музички и културен живот, меѓу кои и оние заслужните за излегувањето на трите дискографски изданија, се обрати д-р Мирјана Павловска – Шулајковска – музиколог, која го претстави аудио прилогот „Црковното пеење од словенско – византиската традиција во Македонија“. Овој носач на звук, аудио подарок за читателите на списанието „Премин“ – периодична публикација на Струмичката епархија за содржини со православна тематика, е всушност жива снимка на извонредниот целовечерен концерт на хорот на „Танец“, во рамките на овогодишните „Денови на македонска музика“, на кој беа изведени литургиски творби од црковно-музички дејци кои дејствувале на територијата на Македонија.
- „Во овој аудио материјал се наоѓаат композициите на Јоан Хармосин Охридски, Јован Кукузел, Јанаки Стојменович, Андон Шахпаски, Манасиј Поп Тодоров, Васил Иванов – Бојаџиев, Јане Коџабашија и други црковни дејци, кои беа премиерно изведени од хорот на Танец на ДММ, под раководство на м-р Гоце Цоневски, а во стручна соработка со д-р Мирјана Павловска Шулајковска и д-р Јане Коџабашија. Концертот беше одржан во Музејот на македонската револуционерна борба, каде ТАНЕЦ за прв пат во своите 74 години постоење изведе концерт на словенско-византиско пеење, со што ја отслика тесната врска меѓу македонската фолклорна и црковна вокална практика. Овој редок материјал е сведоштво на македонското црковно пеење од периодот од втората половина на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век, што е особено значаен дел од македонското и светското културно наследство. Оваа снимка е во корелација со обемниот текст посветен на македонското црковно-византиско пеење, објавен во јулскиот број на списанието „Премин“, со кој се ревалоризира и реафирмира уникатниот македонскиот црковно-музички идиом, кој носи уникатни специфики во однос на другите црковно-словенски практики“ – рече Павловска – Шулајковска.

Marko.K.Branka1.
Концертот на ТАНЕЦ на ДММ се реализираше како дел од годишните програми на НУ Танец и СОКОМ, одобрени од Министерството за култура на РСМ, а реализацијата на аудио прилогот кон списанието е резултат на несебичен волонтерски ангажман на многу луѓе, а со финсиска помош на Комерцијална банка, долгогодишен поддржувач на списанието „Премин“.
Промоцијата на трите изданија на СОКОМ беше забележано од медиумите, а текст беше објавен и во актуелниот празничен број на „Културен печат“.

Marko.K.Branka10.
Благодарност до сите вклучени во овие три вредни парчиња музика!

 
Сојуз на композитори на Македонија - СОКОМ TANEC - National Ensemble for Macedonian Dances and Songs Valentina Velkovska-Trajanovska Martin Vucic Marko Kolovski Vesna Maljanovska, Boris Svetiev Mirjana Pavlovska Sulajkovska Jane Kodzabasija Otec Teofan Dejan Mojsovski Kalina Trpeska Goce Conevski Mladen Markovic Ljupco Sokolovski Aleksandar B Radevski Mitko Hadzi-Pulja Darko Draganovski Ivo Mitev-Zile Toni Dimkov, и сите изведувачи и помагатели (финансиски и медиумски) во проектите.
 
 Marko.K.Branka7.
 
Marko.K.Branka8.

fbBranka Kostic Markovic

 Marko.K.Branka13.

 Marko.K.Branka14.

 Marko.K.Branka12.

 Marko.K.Branka15a.

Marko.K.Branka16.

Marko.K.Branka43.

 

 foto- Preminportal.com

https://www.muzika24.mk/premiera/promoczija-na-tri-novi-izdanija-na-sokom/62688/?fbclid=IwAR0e_mGe0mIMI_ZgU2bimK4mZ4G0Gs_nEa43kz0VMlevDzS_1UzoPsDGiFU

 

 

 

 Drugo>

Во организација на СОКОМ, а во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“ беше изведен концертот ЦРКОВНО ПЕЕЊЕ ОД СЛОВЕНСКО – ВИЗАНТИСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, на кој Хорот на Национална установа Ансамбл за народни игри и песни ТАНЕЦ изведе литургиски творби од црковно-музички дејци кои дејствувале на територијата на Македонија, Јоан Хармосин Охридски, Јован Кукузел, Јанаки Стојменович, Андон Шахпаски, Манасиј Поп Тодоров, Васил Иванов – Бојаџиев, Јане Коџабашија и други. Хорот маестрално настапи под раководство на м-р Гоце Цоневски, со стручна соработка на д-р Мирјана Павловска Шулајковска и д-р Јане Коџабашија. Но, оваа вечер беше своевидна симбиоза на концертен и едукативно-промотивен дел, во кој освен за историјатот на македонскиот фолклорен и црковно-словенски музички идиом, се проговори и за двете најнови изданија LITURGHII ARMANESKA од д-р Јане Коџабашија и КРАТОК ВОСКРЕСНИК од Јанаки Стојменович, во транскрипција на европска нотација на д-р Мирјана Павловска-Шулајковска. Промотор и модератор на настанот беше етномузикологот и уметнички раководител во НУ Танец, м-р Бранка Костиќ-Марковиќ.