19 август / 01 септември 2016 лето Господово

Научниците од медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн (САД), тврдат дека одењето во црква секоја недела го намалува ризикот од смрт.

 Научниците направиле истражување во коешто ја проучиле здравствената состојба и начинот на живот кај повеќе од 92 илјади луѓе од различни религиозни конфесии. Според резултатите на експериментот, тие што доволно често оделе во Црква го намалиле ризикот од смрт за 20 %. Но тој факт воопшто не влијаел на степенот на подложноста на болест. За утврдување на влијанието на религиозноста врз смртноста и подложноста на болести, научниците ги зеле в предвид факторите на религиозната припадност, интензитетот на посетувањето на религиозните богослужби и здравствената состојба на испитуваните. Научниците сметаат дека одењето во црква го подобрува психо-емоционалниот мир, а може да го подобри и квалитетот на животот.

 

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир