7.Vselenski.sobor

Според преданието на Ерусалимската црква, имало два обида на други цркви да го „повикаат“ Благодатниот Оган. Првиот беше од Римокатоличката црква, во времето на Крстоносните војни, кога католиците насилно го одзедоа  Светиот Оган од Грците. Меѓутоа, кога Огнот не се јавувал, и по неколку часовна молитва, тие го вратиле „призивот“ на Благодатниот Оган на православниот патријарх. Од тогаш, Светиот оган повторно почна да се "јавува".

Вториот обид се случи во 16 век од страна на Ерменската црква. Во Велика Сабота, денот на празнувањето на Светиот Оган, Ерменците ги потплатиа турските власти да не му дозволат на Ерусалимскиот  патријарх  да влезе во црквата на Светиот Гроб (Храмот на Воскресението Христово). Бидејќи не беше  пуштиен внатре патријархот започна да се моли надвор, а по некое време Светиот Оган „се спушти“ преку столбот на влезната врата на храмот, го распука  и го запали снопот на свеќите   на патријархот. Оттогаш, повеќе немало обиди  на православните да им се одземе призивот на Благодатниот Оган.