логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПОЛЕЗНА ЛИ Е ПОФАЛБАТА ЗА ДЕЦАТА?

Пред половина година отидов во Јужна Каролина да ги посетам моите родители. Кога по вечерата јас измив неколку чинии, мојот татко извика: ˝браво˝! Тоа беше вообичаена шега на моја сметка. Јас постојано  му говорев ̋браво˝ на мојот син кога ќе изедеше чинија со боровинки или кога ќе успееше да ги извади чорапчето од ноџето. Тој тогаш имаше 18 месеци.
Конечно, јас го знаев општоприфатеното мислење. Поколението Y  страда од нарцизам и не може да живее без пофалба и охрабрување од страна на родителите, кои веќе ги нарекле млади Пикасо или Анштајн. Но, јас многу го фалам моето дете и не се срамам од тоа. Со исполнетост забележувам, како тој талентирано удира во своите мини-тапани или црта на ѕидовите. Сакам да ја изразам својата искрена восхит и љубов кон своето малечко, гледајќи како тој ги прави своите мали чекорчиња нанапред. Моите родители кои превртуваат со очите во врска со тоа, не ме запираат во намерата.

Што ние всушност, знаеме за пофалбата? Антропологот Гвен Девар (Gwen Dewar) на својот сајт Parenting Science предлага неколку истражувања и совети за таквите како мене. Кога ние ги фалиме децата за нивните способностти, а не за напорите, тие започнуваат да го восприемаат талентот и паметот како нешто дадено, а не како навики кои е потребно да се развиваат во себе и дека треба да учат. Неискрената пофалба сведочи за тоа што родителите не го разбираат своето дете. Додека пак пофалбата, која е изразена во една единствена фраза ˶браво!˝, е помалку ефективна отколку комплиментите и забелешки во кои се потцртува што е она што детето го направило правилно.
«Прекумерната пофалба (˶Блескаво!˝) може да доведе тоа, што детето вашите стандарди ќе ги смета за премногу високи и ќе има страв дека не им соодветствува», -укажуваат психолозите Џенифер Хендерлонг Корпус (Jennifer Henderlong Corpus) од Рид-колеџот и Марк Лепер (Mark Lepper) од Стенфорд. Доколку ги фалите децата за секоја една глупост, тие ќе се посомневаат дека сте слабоумни («зарем не знаеш колку е лесно тоа?»). Или ќе мислат дека ги сметате за умно заостанати. Особено интересен факт: доколку прекумерно ги фалите децата за она што им се допаѓа, тоа ќе има обратен ефект. Вие не го воодушевувате детето, туку напротив го лишувате од мотивација.
Психологот Џим Тејлор (Jim Taylor) од универзитетиот Сан-Франциско активно докажува, што пофалбата не им е потреба на децата: ˶Браво!˝-тоа е мрзлива пофалба, таа е бесмислена, таа наштетува. Подобро речете: ˶Одличен обид!˝ Затоа што во тој случај вие давате акцент на дејството, кое привело кон добриот резултат. Во пракса на децата не им е потребно, да им се говори: ˶Браво!˝, кога нешто добро ќе направат. Тоа е и онака очигледно. А малите деца воопшто не треба да се фалат.

Но, вистина лие тоа? Првата мана во овој суров аргумент против пофалбата-е тоа што пофалбата различно дејствува на децата од разни возрасти. На пример, Пол Хастингс (Paul Hastings) од Калифонискиот универзитeт во Дејвис во своето истражување 2007-та година докажал, што децата, кои ги фалеле во дошколска возраст за убавите манири, владеат со подобри социјални навики. Тоа оди во спротивност со убедувањето на Тејлор, дека дошколниците воопшто не треба да се фалат.

Во друго истражување 1997-та година под раководство на Сју Кели (Sue Kelley) од колеџот Лаикоминг (Пенсилванија) го изучувале однесувањето на двегодишните деца во време на експериментот. Ако мајката ги храбрела кон самосталност во лабараторијата, тие по една година се однесувале во условите на експериментот понезависно, отколку оние кои не ги флалеле во првото истражување.
Што се однесува до неумерената пофалба, Елен Винер (Ellen Winner) и нејзините колеги од Бостонскиот колеџ извршиле истражување и откриле, дека малите деца (до 7 години) не се способни да ја приметат неискреноста во интонацијата на родителите, бидејќи сеуште немаат чувствителност. Тоа значи дека кај нив нема да се појави проблем со превисоките стандарди, како во случајот на поголемите деца.
Втората грешка во аргументот против пофалбата е потешко да се открие. Во истражувањето 2014 година под раководство на психологот Еди Брумелман (Eddie Brummelman) од универзитетот  во Утрехт (Холандија) се говори, што прекумерната пофална (˶Тоа е неверојано убаво!˝ наспроти ˶Тоа е мило!˝) во пракса може да биде повредувачка за деца со ниска самооценка, но, притоа полезна за деца со висока самооценка.
Како прво авторите ја потврдиле теоријата за тоа, што родителите се повеќе склони да ги префалуваат децата со ниска самооценка, отколку со висока. Потоа деца во возраст од 8-12 години ги довеле во музеј на уметноста. Пред да започнат, во сите испитаници ја определиле самооценката. Ги замолиле децата да нацртаат цртежи, кои потоа ги критикувал вообразен ̋професионален уметник˝. На крај ги прашувале, дали во вториот обид сакаат да извршат посложена  или попороста задача. Сите деца ја примиле надуената пофалба како искрена, надвор од зависноста од нивото на самооценака. Како и што се претпоставувало, децата со ниска самооценка поретко ја избирале посложената задача после надуената пофалба, отколку децата со истата таква самооценка, но кои биле пофалени умерено.

Тоа е доволно логично, бидејќи луѓето со висока самооценка обично повеќе се грижат да се покажат себеси и бараат начин уште еднаш да ги продемонстрираат своите способности, додека луѓето со ниска самооценка се плашат од неуспех и ги избегнуваат ситуациите, во кои можат да се раскријат нивните недостатоци.

Односно, умерената пофалба може да го намали стравот од неуспех кај децата со ниска самооценка, а да успее да ги стимулира да пробаат нешто ново. Но, притоа таквата пофалба е недостатна за деца со висока самооценка и нема да ги поттикне кон нов предизвик.

Но, како да е дознае, висока е или ниска самооценката кај детето? Конечно, јас незнам, како мојот двегодишен син се восприема сам себе. И психолозите пишуваат: ˶Иако кај малите деца постои елемантарна претстава за тоа што е добро, а што лошо, да ја фомираат и изразат самооценаката тие се способни дури кога ќе имаат 9 години.˝  Брумелман е согласен со тоа, што прекумерната пофалба во раното детство не е опасна и дури полезна. Затоа што кај децата, како правило, има многу позитивни очекувања за иднината. Ако ги фалат многу, тие, можеби, ќе почувствуваат, дека се способни да соодветствуваат на зададените високи стандарди, што значи, смело да се појде во пресрет на новите предизвици.

Така што, значи,  кај мојот син  има позитивни очекувања од иднината, одлично. Се надевам дека така ќе биде и понатаму. Во свое време јас одев по друг пат. Моите образи почнуваа да се сцрвенуваат секогаш кога јас ја подигав раката во класот. Затоа и не ја подигав често. Јас продолжив да руменеам и подоцна, кога веќе работев, ако мене директно ми се обратеше мојот шеф. Познавав луѓе, чија што самоувереност ги надминуваше нивното знаење и ум, и јас не мислам, дека тоа на некој начин им посмета во животот. Новото иследување на Џесика Кенеди (Jessica Kennedy) од Вортонската школа за бизнис при Пенсилванискиот универзитет покажало, дека луѓето кои демонстрираат увереност, се восприемаат како професионалци и поуспешни, дури и ако лошо се справуваат со задачата.

Не сум потполно уверена во тоа, што за причина за мојата ниска самооценка  се јавува нешто, што правеле или обратно не правеле моите родители. Тогаш зошто јас толку се плашам да не го повредам мојот син? На него влијаат и другите возрасни, другите деца и врсници, а исто и самиот тој, и сето тоа се случува постојано во животот. Тука се открива третиот недостаток кај аргументот против пофалбата: чувствата на родителите по повод на сопственото однесување говорат за тоа, што тие не разбираат, дека на развојот на детето влијаат множество фактори. Воспитанието-тоа е двостран динамички процес, на кој влијае животната средина и гените како на родителите, така и на самото дете.

Голема студија, извршена од Ешли Клар и со нејзините колеги од Државниот универзиитет во Мичиген, и отпечатена во 2014 година, прикажа, што преку гените се објаснува 23 од 40% различност во трите основни типови на родителско однесување: топлина, контрола, негативност. Секој од видовите на  однесување содејствува со такви последици, како антисоцијално однесување, анксозност и токсикоманија. Би се рекло, дека топлината е должна да има подобри последици (помалку отклонувања во поведението, понизок степен на анскиозност и депресија, подобра спремност и успех во учењето) и вклучува во себе и вербално пројавување на љубовта. Но,  дадената студија сведочи за тоа, што гените играат поголема улога во однесувањето на родителите и во тоа што се добива од детето.

Еднакво восхитувачки е и тоа што карактеристиките на самото дете влијаат на стилот на воспитание. Со други зборови, покрај влијанието на гените, самото дете определува, како себеси ќе се однесуваат родителите. Тоа е еден сложен синџир на реакциони одговори, во кои билогијата и поведението се тесно преплетени, и таа е индивидуална за секое семејство.
Пред нас стои аргумент во полза на индивидуалниот (личносен-заб. на прев.) пристап. ˶Неопходно е да се размисли за личните квалитети и за она, што ве обеспокојува, а потоа да го развиете сопствениот стил на воспитание и стратегија, која одговара за вас и вашето дете˝,-смета Клар.˶ Ако се обидете да правите нешто неприродно за вас како родители, тоа ќе биде тешко и непријатно.˝
За некои работи ние точно знаеме, дали се тие корисни или штетни. Но, на средина останува огромна количина на неопределени категории, кои нужно треба да се разликуваат на добри или лоши на индивидуална (личносна-заб.на прев.) основа.

Доколку ја сметате пофалбата за катализатор за промена кон подобро, Клар предлага да проследите како вие го ˶празнувате˝ соодветеното однесување на своето дете и дури и да ги запишувате своите набљудувања, за да разберете, што има  полза, а што не. Имено, за тоа пишува Далтон Конли (Dalton Conley),  професор по социологија на универзитетот во Њу Јорк, во својата книга ˶Парентологија˝ (Parentology).


Многу години тој ги поткупувал своите деца со слатки, заради дополнително време на видео игри и џепарлак, со цел да ги натера да решаваат дополнителни задачи по математика. Како резултат на тоа, неговата ќерка се задлабочила во читање и литература и со тек на време сосема го изгубила интересот за математика, а синот пак, обратно, го занемарил читањето и во слободно време изучувал фрактали. Т. е. една иста пофалба може да предизвика апсолутно различно влијание на различни деца во зависност од нивните интереси, личности, интереси и личности на родитлеите и други фактори.
Така што, идејата за тоа, што пофалбата и нејзиниот недостаток можат да му помогнат на детето да преуспее во иднината, е премногу надуена. Прекумерната пофалба-тоа не е всушнот она што треба да ги обеспокојува родителите. Единствен начин да се повреди малечкото-тоа е да се каже ˶Браво˝, ако тој направил нешто, што не требал да направи.
Но, сега ја ќе бидам поизбирлива во пофалбите и ќе ги истакнувам напорите на моето дете да го избои мебелот, а не неговиот природен дар да избере молив со интересна боја за тоа. Ќе се восхитувам не неговата концентрација, кога тој бои, а потоа ќе го фалам за тоа. Еден ден детето секако ќе дознае, дека не треба да се бојат ѕидовите, дури и да не му кажете за тоа. А со пофалбата јас сакам да го ˶нахранам˝ своето малечко на емоционален план, додека суровито свет на започнал да ˶одгризува˝ од него делче по делче.

Карлин Флори, бивш редактор на журналот Psyhology today

Источник: http://www.pravmir.ru/polezna-li-detyam-pohvala/#ixzz3aa0Fer3g

превод: Маја Белева



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5786
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6605
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6385
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5584
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная