УТРЕНА


Тропар, глас 4.

Ангел во тело, темел на пророците, втор претеча на Христовото пришествие, славниот Илија, кој одозгора му испрати благодат на Елисеја, болести да лекува, лепрозни да очистува. Затоа и на оние што го почитуваат им дава исцеленија.


Величание:

Те величаме, свети славен пророче Илија, и го чествуваме твоето огнено вознесение на небо со тело.

 

Седален, глас 8.

Сите ние, верни, со песни да го прославиме Илија Тесвиќанец – изворот на чудеса и украсот на пророците, бидејќи, сѐ уште бесмртен по тело, како мртов дава уверување во воскресението на мртвите. Затоа, имајќи смелост пред Бога, им дава исцеленија на оние што со вера просат од него, и на Христа Му се моли постојано да им даде прошка на гревовите, на оние што со љубов го празнуваат неговиот свет спомен.

Кондак, глас 2.

Пророче и предвидувачу на великите дела на нашиот Бог, Илија со големо име, кој со твојот збор ги задржа водоносните облаци, моли Го за нас единствениот Човекољубец.


Икос: Гледајќи го големото беззаконие на луѓето, како и неизмерното Божјо човекољубие, пророк Илија се бунтуваше и, гневејќи се, упати немилостиви зборови кон милостивиот Бог и повика: Судијо праведен, крени се против оние што го кршат Твојот закон! Но милостивиот Бог не ги казни оние што Го навредуваа, бидејќи единствениот Човекољубец очекува од сите покајание.

 Песна 9.


Икос: Светилникот Бог, Кој засветли пред сонцето и Кој плотски дојде при нас од утробата на Дева, која неизречено Го воплоти: благословена, сечиста, тебе, Богородице, Те величаме.


Откако го одживеа еднонасочниот човечки пат на земјата, ја мина реката Јордан со помош на наметката и, јавајќи низ воздухот, со помош на Духот го заврши својот необичен пат кон небото.


Горејќи од ревност за верата, Тесвиќанецот се искачува на огнена колесница; Елисеј, пак, ја облече наметката што ја фрли Илија, и ја прими Божјата благодат што не можеше да биде скриена.


Тесвиќанецот, кој на Тавор се удостои со боговидение, заедно со Мојсеја, го гледа она што око не виде, уво не слушна, и на срцето човечко не дојде – воплотениот Господ Седржител.


Богородичен: Ти си таа што ја избриша древната осуда, ја исправи грешката прамајкина, измирувајќи го родот човечки со Бога како мост кон Создателот. Поради тоа, Богородице, ние те величаме.


Другиот канон.


Икос: Ние, спасените преку тебе, Дево Чиста, навистина те исповедаме за Богородица, со бесплотните хорови величајќи те.


Пророче Илија, ти си обожен од нематеријалниот зрак на Живоначална Троица; затоа сите ние те приведуваме за наш молитвеник пред Бога, за светот, блажени!


Ние те познаваме како ангел на земјата, божетвени пророче, и како човек Божји на небесата, како што и Самиот Господ рече: Бидејќи си жесток човек, Илија, и не можеш да го трпиш Израилот кој греши, качи се ти при Мене, а Јас ќе слезам долу.


Божествени пророче, како бестелесен си поживеал на земјата, и сега, вознесен на небесата, ликуваш со ангелските хорови. Одозгора, надгледувајќи нѐ нас, кои те воспеваме, блажени.


Богородичен: Пречиста, во прегратките Го носиш Бога Кој ја носи вселената, и Го храниш Хранителот Кој нам сличен ни стана. Него моли Го, на сите твои луѓе да им дарува избавување од опасности.

Светилен.


Светлината, која те покажа како патник кон небото на четирикоњска огнена кола, на крајот не те изгоре тебе, Илија, кој со својот јазик го симна огнот од небото, и ги исуши облаците.


Слава: Си се вознел на небесата на огнена кола; и сега, како оној што одблизу ја гледа Светлината, нам кои со вера го славиме твојот спомен, давај ни ја духовната светлина.

И сега, богородичен.

Богородице, која си била причина за добрата на светот, давани од Бога, и сега моли Го Бога, Кој лесно се помирува, за наше заедничко спасение.

 

Подготви: Т.С.