Image may contain: Jasminka Dzob, indoor

При откривањето на моштите на свети Теодосиј Черниговски ( 1896 год. ) свештеникот, кој му ги пресоблекувал моштите, уморен, задремал и го видел пред себе светителот, кој му рекол: „Ти благодарам, оти се погрижи за мене . Уште те молам, кога ќе служиш Литургија, помоли се и за моите родители“. И ги кажал нивните имиња – ереј Никита и Марија. „Зошто ме молиш за тоа, светителу, бараш од мене молитва иако самиот стоиш пред Престолот Небесен и ја делиш милоста Божја на луѓето ?” – прашал свештеникот. „ Да, вистина е, но литургискиот принос е посилен од мојата молитва“- одговорил свети Теодосиј.

Исклучително полезни за умрените се и парастосите, домашните молитви, и добрите дела во нивен спомен, како што е милостињата, жртвувањето за Црквата, но особено полезно е споменувањето на Божествената Литургија. Има многу сведоштва и настани кои што зборуваат за таа полза. Мнозина кои умреле со покајание, но не успеале да го покажат тоа во текот на животот, се ослободиле од маки и добиле успокојување. Црквата секогаш принесува молитви за покој на умрените, дури и во денот на Светиот Дух со коленопреклоните молитви, при што на вечерната има и посебна молитва за „држаните во адот“. Секој од нас, кој што сака да ја пројави својата љубов кон покојните и да им покаже дејствителна помош, може да го направи тоа преку молитва за нив, особено со спомнување на светата Литургија, кога честиците за живите и умрените се спуштаат во Чашата со Крвта Господова со зборовите : „Одземи ги Господи гревовите на сите овде споменати со Твојата Чесна Крв, по молитвите на Твоите светии“. Ништо поголемо и подобро не можеме да сториме за нив, од тоа да им ги предадеме имињата за спомнување на Литургијата .

Св. Јован Шангајски

Извор: ФБ профил на Светланка Трајчева