Се молите ли за другите?

"Молитвата за другите, кажувана нежно и со љубов, е некористољубива и донесува голема духовна полза. Го облагодатува оној кој се моли, но го облагодатува и оној за кого тој се моли. Тоа значи дека дејствува Божјата благодат. Кога чувствувате голема љубов и кај вас таа љубов поттикнува на молитва, тогаш брановите на љубовта го заплискуваат оној за кого се молите и влијаат на него.Така, вие околу него создавате заштитен оклоп и влијаете на него. Го водите по патот на доброто.

Гледајќи го вашиот труд, Бог дарежливо ви ја дава Својата благодат, вам и нему. Но, притоа мора да бидете мртви за себе. Го разбравте ли ова?

Вие тагувате кога другите не се добри, а би требало да се предадете на молитвата за со помош на Божјата благодат да дојдете до посакуваната цел. Вие укажувате на доброто потпирајќи се на својата мудрост, а тоа всушност, и не е толку правилно. Тајната е во нешто друго. Тајната не е во она што ќе им го кажеме или што ќе ги посоветуваме другите. Тајната е во нашата предаденост и посветеност, во нашата молитва кон Бога, кај нашите браќа и сестри да завладее Божјата благодат. Тоа е тоа што треба, во тоа е тајната. Она што ние не можеме да го направиме, ќе го направи Неговата благодат."

Старец Порфириј

 

Избор од ФБ профилот на : Радмила Јанчевска

9-ти август 2018 лето Господово