Човекот е капитален происход на божествената љубов во сиот создаден свет. Впрочем, сѐ е заради него создадено. И му беше дадена заповед да не јаде од плодот на едно единствено дрво, и му беше кажано дека ако вкуси, ќе умре (види: 1. Мој 3, 3). И, се случи и едното и другото. И вкусувањето, и смртта. Навистина, Бог е праведен, но не остана докрај доследен на Својата праведност. Го испрати Својот Единороден Син, Кој грев не стори и лага не се најде во устата Негова, да биде понижуван и камшикуван, и плукан, и исмеван. А како да не беше доволно понижување што се облече во нашата трулеж, на крајот умре за да можат да живеат оние што Го убиваат... Што гледаш праведно тука, паднат и кутар човеку, и што наликува тука на твојата човечка „правда“!? Праведно би било Христос да кажеше: „Врати им, Оче, според делата нивни!“ Но, Христос и на Крстот одбира да биде милостив, а не праведен, велејќи: „Прости им, Оче, не знаат што прават!“

Христос во ниеден момент не ни покажа правда, туку ни донесе оправдание. Со Крвта Негова ние се оправдавме.



Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

Септември 2019 лето Господово

Избор од фб профил на  К. Вучковски