Светиот апостол Ерма (31/05)

         Еден од Седумдесеттемина. Се спомнува во Посланието на Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија.

Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече дека е тој ангелот на покајанието којшто нему му е пратен за да го придружува до крајот на животот.

     Ангелот му даде дванаесет заповеди:

1) да верува во Бога;

2) да живее во простота и невиност, да не злослови и да му дава милостиња на секого што проси;

3) да ја љуби вистината и да ја одбегнува лагата;

4) да го чува целомудрието во помислите;

5) да се учи на трпение и великодушност;

6) да знае дека покрај секој човек е поставен еден добар и еден зол дух;

7) да се плаши од Бога и да не се плаши од ѓаволот;

8) да прави секакво добро и да се воздржува од секое зло;

9) да Му се моли на Бога од длабочината на душата со вера;

10) да се чува од тагата, која е сестра на сомнежот и гневот;

11) да ги испитува вистинитите и лажните пророштва;

12) да се чува од секоја зла желба.

Arh.Uriil1

  2023

 Arh.Uriil4

Arh.Uriil2

Архангел Уриел е оган или светлина Божја, просветител на помрачените и неуките, просветител на менталните и физичките чувства, ментор на изгубените, поттикнувач на молитвата.

Името Уриел преведено од хебрејски значи светлина или оган Божји, просветител (3 Езра 5:20).

Уриел, како сјај на Божествениот оган, е просветител на помрачените. Како Ангел на светлината, тој ги просветлува умовите на луѓето со откривање на вистини кои им се корисни; како Ангелот на божествениот оган, тој ги разгорува срцата со љубов кон Бога и ги уништува нечистите земни приврзоци во нив.

За Архангел Уриел е напишано во Третата книга Езра (3Езра 4:1-50).

Архангел Уриел бил испратен од Бог кај Езра да му понуди три подоби и да му покаже три начини:

 

 Arh.Uriil

 

 

 

Св. арх. Михаил

ЗА АНГЕЛИТЕДопирот на покајанието

Архангел Урил

Што се тоа ангели чувари?

9.4. Покајанието на Јаков 

ПОКАЈАНИЕТО НА ПРЕПОДОБНА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА

Покајание – денес, во овој час!