логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
Pokrov.Bogorodicen.jpgКондак 1

Тебе избрана Царица од Предвечниот Цар на небото и земјата, повозвишена од секое создание, која некогаш си дошла во Влахернската  Црква на молитва, со благодарност Ти принесуваме достојно поклонение, и со вера и умиление, ние, кои сме во темнина, прибегнуваме под Твојот светол омофор; а Ти, имајќи непобедлива моќ, од сите беди ослободи не, за да Ти воскликнуваме:

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Икос 1

Мноштво Архангели и Ангели, со Претечата, Богословот и сите светии, се појавија заедно со Тебе, Својата Царица, во Влахернската Црква и слушајќи ги Твоите топли молитви за целиот свет, со восхит воскликнаа:

Радувај се, на Беспочетниот Бог Отец предвечно благоволение.
Радувај се, на безвремениот Бог Син пречисто сместилиште.
Радувај се, на Сесветиот Бог Дух избрано живеалиште.
Радувај се, на небесните Ангелски чинови непрестано восхитување.
Радувај се, на темните адски сили најужасно застрашување.
Радувај се, зашто Тебе во воздухот Те среќаваат многуоки Херувими.
Радувај се, зашто Тебе шестокрили Серафими Ти пренесуваат пофални песни.
Радувај се, зашто на Твојот преблаг Покров и ние, земнородните, благодарно му се поклонуваме.
Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак 2

Кога Светите Андреј и Епифание во Црквата Те здогледаа како во воздухот се молиш на Бога за Христијаните, познаа дека Си Ти Мајката на нашиот Христос Бог Кој се вознесе на небото, па паднаа на земја и радосно се поклонуваа на себлагиот Твој Покров, воскликнувајќи: Алилуја !


Икос 2

Во закрилувањето на православните луѓе Ти Си, Богородице, разум кој не може да се сфати; затоа нашите непријатели не знаат колку е силна молитвата на Божјата Мајка; а ние, добро познавајќи ја Твојата семоќна закрила, Ти воскликнуваме вака со умиление:
Радувај се , семилосрдна утешителке на сите тажни и оптеретени.
Радувај се, неуморна наставничке на сите заблудени и заслепени.
Радувај се, зашто со Своите молитви Ти брзо го смируваш гневот кој праведно се крева на нас.
Радувај се, зашто со Својата семоќна наредба, Ти ги скротуваш нашите лоши страсти.
Радувај се, силен будилнику  на оние со заспана совест.
Радувај се, лесно совладување на лошите навики.
Радувај се, зашто заради Тебе офка пеколот и треперат злите духови.
Радувај се, зашто заради Тебе на сите нам ни се отвораат вратите на Рајот.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак  3

Силата на Вишниот ги осенува оние кои со вера и побожност прибегнуваат под Твојот Сечесен Покров; Зашто само Тебе единствената, Пресвета и Пречиста Мајка Божја, Ти се даде секоја Твоја молитва да се исполни. Затоа, верните од секоја возраст, Те славословат Тебе и Синот Твој, воскликнувајќи : Алилуја !


Икос  3

Имајќи , Владетелке, непотрошливо богатство на милосрдие, Ти на сите краеви на земјата им подаваш рака на помош: на болните исцеление, на напатените – олеснување, на слепите – вид, и на сите им даваш се – секому според неговата потреба, на сите кои благодарно воскликнуваат:

Радувај се, на православните царства неразрушива тврдино и бедему.
Радувај се, најубав украсу на светите храмови и олтари.
Радувај се, најверна заштито на царските престоли.
Радувај се, будна помошничке на племенитите градоначалници.
Радувај се, непобедлива Војводко на Христијанските водачи и војски.
Радувај се, на неподмитливите судии свето огледало на правдата.
Радувај се, совршен разуме на наставниците и воспитувачите.
Радувај се, благослове на побожните домови и фамилии.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак  4

Ти ни помагаш Владичице нам, кои сме понесени од бура на многу беди, зашто стоиш пред лицето на Господовиот олтар и подигнувајќи ги Своите раце се молиш на Господа, Царот на Славата, да погледне на нашата недостојна молитва и да ги услиши молбите принесени од нас, кои го повикуваме Твоето свето име, а на Синот Твој Му воскликнуваме: Алилуја !


Икос  4

Го услиши Господ Бог Исуса Навин кога се молеше и му заповеда на сонцето да застане додека тој не ги победи непријателите; ги слуша и сега Господ Исус молитвите Твои, избрана палато на Светиот Дух. Затоа и ние, грешните, надевајќи се на Твојот покров, се осмелуваме да Ти говориме Тебе, како Мајка Божја:

Радувај се, од мисловното сонце озарена, која и нас не просветуваш со светлината што не заоѓа.
Радувај се, зашто со блескањето на Својата пречиста душа, целата земја ја просвети.
Радувај се, зашто со чистотата на Своето тело се на небесата  развесели .
Радувај се, покрове и обезбедување на светите Христови  храмови.
Радувај се, бодрост и вразумување на верните пастири на Црквата.
Радувај се, наставничке на Богобојазните монаси и монахињи.
Радувај се, непречено успокојување на побожните старци.
Радувај се, тајно веселие на чистите девојки и вдовици.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак 5

Некогаш, кога боговидецот Мојсеј во битката против Амалик ги подигнуваше рацете, Израил победуваше.а кога ги спушташе рацете, тогаш Амалик победуваше. Кога, пак, го придржуваа, закрепнат, тој го победи непријателот. А Ти, о Богомајко, подигајќи ги Своите раце на молитва, иако никој не ги придржува, секогаш ги победуваш непријателите на Христијаните, и непобедлив штит ни си нам, кои воскликнуваме: Алилуја !


Икос 5

Гледајќи Те како во воздухот во Црквата Влахеринска молитвено ги подаваш рацете кон Својот Син и Бог, Соборот на Светиите, заедно со Архагелите и Ангелите, радосно Ти запеаа благодарна песна. А ние, поткрепени од Твоите раце, кои се појаки од рацете Мојсееви, умилно Ти воскликнуваме:

Радувај се, зашто Твоите раце ги придржува единствената љубов Твоја кон сите нас и Твоето милосрдие.
Радувај се, зашто нашите видливи и невидливи непријатели не можат да се оддржат пред Тебе.
Радувај се, зашто Ти ја прогонуваш темната војска на нашите страсти и похоти.
Радувај се, зашто неизгорливо го држиш на рацете Свои Божествениот оган – Христос, и нас, студените, не загреваш со Него.
Радувај се, прекрасно крунисување на оние кои со целомудрие војуваат  против телото.
Радувај се, постојан разговоре на оние што во пост и безмолвие се подвизуваат.
Радувај се, брза утешителке на оние што се изнемоштени од премореност  и тага.
Радувај се, зашто Ти ги снабдеваш со благодатта на смирението и трпението.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак  6

Свети Роман Слаткопевец се јави како проповедник на Твоите неисцрпни благодати и милости, кога од Тебе во сон прими завиена  хартија како духовна храна. И тој, преку тоа умудрен, почна со знаење да пее во Твоја слава и на Светиите да им пишува пофални песни, воскликнувајќи со вера: Алилуија !


Икос 6

Си заблескала како зора на вистинското Сонце на Правдата, Дево, Богоотроковице ( Богоневесто ), просветувајќи ги сите со Премудроста на Бога, Твојот Син, и приведуваќи ги кон познавање на вистината оние кои вака Ти воскликнуваат:

Радувај се, зашто си Го родила во тело Христа – Божјата сила и Божјата Премудрост.
Радувај се, зашто си ја посрамила безумната мудрост на овој век, и заслепените од неа ги водиш на прав пат.
Радувај се, чуварке на светата вера и наставничке на православните догмати.
Радувај се, искоренителке на безбожните ереси и трулежните расколи.
Радувај се, зашто Ти добро знаеш се што е тајно и тешко предвидливо, и тоа им го кажуваш на оние на кои треба.
Радувај се, зашто ги посрамуваш лажните пророци и празните гатања.
Радувај се, зашто кога луѓето се несигурни Ти им ставаш во срцата добра мисла.
Радувај се, зашто Ти одвраќаш од штетни помисли и неразумни желби.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак  7

Сакајќи да ја покаже неиспитливата бездна на милоста на Своето човекољубие, долготрпеливиот и сесогледлив Господ  Те избра Тебе, единствената,  за Своја Мајка и Те направи несовладива заштита на луѓето: па дури и ако некој се покаже достоен за осуда пред праведниот суд Божји, да може сепак да биде зачуван за покајание под Твојот моќен Покров, воскликнувајќи: Алилуја !


Икос 7

Господи Ти ги покажа Своите прекрасни дела во Пречистата Своја Мајка, кога во нејзините раце се појави посветол од сонцето прекрасен омофор со кого Таа го закрилуваше народот во Влахеринската Црква; а кога слушнаа за таквото Нејзино милосрдно застапништво, вчудоневидени и израдувани, сите говореа :

Радувај се, зашто Својот неракотворен омофор си го распослала  како облак над целиот свет.
Радувај се, зашто на Своите раце го држиш знакот на Превечниот Архиереј, Својот Син.
Радувај се, зашто со тоа јавуваш нова милост и нова благодат во Православната Црква.
Радувај се, столбе од облаци, кој не закрилуваш сите нас од искушенија и соблазни.
Радувај се, огнен столбе, кој на сите нас ни го покажуваш патот на спасението среде маглата на гревот.
Радувај се, јавно поткрепување на јавните подвижници за побожноста .
Радувај се, тајно советување на тајните слуги Божји кои се сред светот.
Радувај се, зашто Ти и мене, сиромашниот во добри дела, не ме остави без Својот Покров и благодат.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак 8

Кога Ти од небото се појави во Влахернската Црква, Ангелите прекрасно со песни Те опеваа, Апостолите Те прославуваа, Првосвештениците, Преподобните и ред свети жени Те фалеа, Претечата и Богословот Ти се поклонија, а луѓето во Црквата весело воскликнуваа: Алилуја !


Икос 8

Господ, Кој владее со се што е на небото и на земјата, кога Те здогледа во Црквата Тебе, Својата Мајка, како стоиш и со умиление Му се молиш, рече: Барај, Мајко Моја, зашто нема да се одвратам од Тебе, туку ке ги исполнам сите Твои молби, и ке ги научам сите да Ти пеат благодарни песни вака:

Радувај се, ковчегу на Заветот, во кого се чува осветувањето на целиот човечки род.
Радувај се, пресвет саду, во кого за гладните за правда се чува лебот на вечниот живот.
Радувај се, сезлатен саду во кој за нас се подготви телото и крвта на Божјото Јагне.
Радувај се, зашто напуштените од лекари Ти ги примаш на Своите семоќни раце.
Радувај се, зашто Ти ги подигнуваш од болесничка постела раслабените по тело, но не и по дух и вера.
Радувај се, зашто на оние што лежат од гревовни рани, Ти им даваш нов ум и подобар разум.
Радувај се, зашто Ти премудро го попречуваш одењето по кривиот пат на гревовите и страстите.
Радувај се, зашто Ти ја ублажуваш суровоста на нашето нераскајано срце.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.

 

Кондак  9

Сите Ангели Ти принесуваат пофални песни Тебе, вистинската Божја Мајка и застапничка на сите кои прибегнуваат кон Тебе, знаејќи дека Ти, со својот неуништив Покров, ги развеселуваш праведниците, се застапуваш за грешниците, ги избавуваш  угнетуваните и се молиш за сите верни кои извикуваат: Алилуја !


Икос  9

Најучените говорници се како безгласни риби, незнаејќи како достојно да го прослават празникот на Сечесниот Твој Покров: зашто се што тие говорат за Тебе, не е доволно ни само за да се набројат милостите Твои. А ние, гледајќи ги Твоите безбројни добрини, радосно воскликнуваме:

Радувај се, зашто Ти не чуваш од рани и смртни потопи.
Радувај се, зашто Ти ги штитиш градовите и селата од изненадни земјотреси.
Радувај се, зашто Ти со Твојата крепка рака избавуваш од поплави.
Радувај се, зашто со росата на Своите молитви спасуваш од пожари.
Радувај се, зашто снабдеваш со леб на животот против  душевната и телесна глад.
Радувај се, зашто ги отстрануваш од нашите глави ударите на молњите и громовите.
Радувај се, зашто Ти спасуваш од напади на туѓинци и тајни убици.
Радувај се, зашто со мир и љубов ги оградуваш еднокрвните браќа од домашни борби и непријателства.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак  10

Сакајќи да го спаси човечкиот род од ѓаволската измама, човекољубивиот Господ ни Те подари нам, земните, Тебе – Својата Мајка, за помош, засолниште и заштита; за да бидеш утеха на нажалените, радост на тажните, одбрана на злоставуваните, и да ги подигнеш од длабочините на гревот сите кои пеат: Алилуја !


Икос  10

,,Царе Небесни“, говореше во молитва себеспрекорната Царица, стоејќи во воздухот со Ангелите,  ,,прими го секој човек кој Ти се моли и го повикува на помош Моето име; да не отиде од Мојата икона празен и не услишан“. Слушајќи ја оваа себлага молитва, Соборот на Светиите благодарно воскликна:

Радувај се, зашто ги крунисуваш со благословени плодови земјоделците кои се со чисти раце и срца.
Радувај се, помош и праведна наплато на сите кои поштено работаат.
Радувај се, зашто Ти пред целиот свет ги изобличуваш клетвопрестапниците и оние што неправедно стекнуваат.
Радувај се, изненадна помош на оние што се во опасности на патот, на суво и на вода.
Радувај се, зашто бездетните родители ги веселиш со плодови на вера и дух.
Радувај се, зашто невидливо ги одгледуваш сирачињата без мајка.
Радувај се, силна застапничке на заробените и прогонетите.
Радувај се, зашто неуморно се грижиш за оние што се во окови и затвори.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак 11

Слушајќи го умилното пеење и чувствувајќи ја Твојата топла молитва за нас, ние Те молиме, Дево Богородице, не презирај го гласот на твоите слуги, зашто кон Тебе прибегнуваме во неприликите и неволјите, и пред Тебе солзи пролеваме во нашите беди, извикувајќи: Алилуја !


Икос  11

Гледајќи Те како во воздухот во молитва гориш како јарка свеќа, Влахернската Црква со мноштвото луѓе што беа во неа, сложно воскликнуваше: Откаде мене ова, да дојде Мајката на Мојот Господ кај мене ? А Свети Андреј со Епифание топло Ти се молеа, воскликнувајќи:

Радувај се, племенита дарителке на сите душевни и телесни дарови.
Радувај се, верна застапнице на грешниците кои почнуваат да се кајат.
Радувај се , постојана помошничке на оние кои се борат со страсти и ѓаволски напади.
Радувај се , невидливо скротување на суровите и ѕвероподобни господари.
Радувај се, зашто си таен покој и одмор на кротките и напатени слуги.
Радувај се, сепосакувана усовршителко на добрите бракови.
Радувај се, брза и безболна породителко на мајките – родилки.
Радувај се, единствена помошничке на сите нас во смртниот час.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.


Кондак   12

Измоли ни божествена благодат од Синот Твој и Бог, подај ни рака на помош; одгонувај го од нас секој непријател и противник и смири го нашиот живот; да не загинеме луто, без покајание, но прими не под вечната закрила, Покровителке наша, за радосно Тебе да Ти воскликнуваме: Алилуја !


Икос  12

Славејќи го со песни Твојот моќен Покров, сите ние Те величаме како наша сигурна застапничка и Ти се поклонуваме Тебе, Која се молиш за нас, зашто веруваме и се надеваме дека ке измолиш од Синот Свој и Бог, вечни и временски блага за сите кои со љубов вака Ти воскликнуваат:

Радувај се, силна Застапничке на целата вселена.
Радувај се, осветување на сите земни и небесни стихии.
Радувал се, благослове на сите годишни времиња.
Радувај се, уништување на сите напади и искушенија што доаѓаат од светот, телото и ѓаволот.
Радувај се, неочекувано измирување на оние кои се луто закарани.
Радувај се,  непоимливо поправување на нераскајаните грешници.
Радувај се, зашто не ги отфрлуваш оние што се од сите отфрлени и презрени.
Радувај се, зашто и најголемите очајници ги изведуваш од провалијата на пропаста.

Радувај се, радост наша, заштити не од секакво зло со Својот чесен омофор.

 

Кондак  13

О, сеславна Мајко, Пречиста Госпоѓо, Дево Богородице, кон Тебе ги подигнувам душевните и телесните очи, кон Тебе ги подавам раслабените раце, и од длабочината на срцето извикувам : погледни на верата и смиреноста на душата моја, закрили ме под Својот семоќен Омофор, за да се избавам од сите беди и напасти, и на смртниот час мој, о Себлага, биди покрај мене и избави ме од маките што ке ми бидат спремени заради моите гревови, та секогаш, поклонувајќи се пред Тебе, да Ти воскликнувам : Алилуја !

( Овој кондак се чита 3 пати , а потоа икос 1, па кондак 1  )

 

Bogorodica.st.jpgМолитва кон Пресвета Богородица

О, Пресвета Дево, Мајко на Господа на вишните сили, Царице на небото и земјата, семоќна застапничке на нашите градови и земји, прими го ова пофалбено и благодарно пеење од нас, недоатојните Твои слуги, и принеси ги нашите молитви кај престолот на Бога – Синот Твој, за да се смилува над нас, грешните, и да ја распростри Својата благост над оние што го почитуваат Твоето сечесно име и со вера и љубов и се поклонуваат на Твојата чудотворна икона. Зашто ние не сме достојни Тој да се смилува на нас, ако Ти Владичице не го умилостивиш за нас, зашто Ти се можеш кај него. Затоа, кон Тебе прибегнуваме, како кај сигурна и брза застапничка наша : услиши не нас, кои Ти се молиме; заштити не под Семоќниот Свој Покров и измоли од Бога, Твојот Син : за нашите пастири – ревност и грижа за нашите души ; за градоначалниците – мудрост и сила ; за судиите – правда и непристрасност ; за наставниците – разум и смирение ; за сопружниците – љубов и слога ; за децата – послушност ; за злоставуваните – трпение ; за оние што навредуваат – страв Божји ; за тажните – благодушност ; за радосните – воздржливост, а за сите нас – дух на знаење и побожност, дух на милосрдие и кротост, дух на чистота и правда. О, Пресвета Госпоѓо, смилувај се над своите немоќни луѓе: расеаните собери ги ; заблудените изведи ги на прав пат ; старите поддржи ги, младите оцеломудри ги, децата воспитај ги ; и погледни на сите нас со погледот на Твоето милостиво застапништво ; подигни не од гревовните длабочини и просвети ги очите на нашето срце – да гледаат на спасение. Милостива биди ни и овде, а и таму – во местото каде што ке се наѓаме по преселувањето од земјата и на Страшниот Суд на Твојот Син. А оците и браќата наши што во вера и покајание се претставија од овој живот, смести ги во вечниот живот со Ангелите и со сите Светии. Зашто Ти си, Гопоѓо, Слава на небесните и надеж на земните созданија ; Ти си по Бога, надеж и застапничка на сите нас, кои со вера кон Тебе прибегнуваме. Затоа Тебе Ти се молиме, и како на семоќна Помошничка, сами себе, еден  друг и цел наш живот Тебе Ти предаваме, сега, и секогаш и во вечни векови . Амин.

 

Извор: МПЦ храм Св.Петка, Чикаго

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5794
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6394
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5592
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная