(ОБНОВЕНО)

           Господ милостив нека дарува сили и трпение текот на постот да го поминеме според благословот, па така сега на почетокот, кога го засадуваме дрвото на постот, со покајни солзи добро да го залиеме и со молитви усрдни да се погрижиме да израсте  во доброплодно дрво, та поклонуваќи се на Светлото Воскресение на Христа Спасителот наш, со радост да ги обереме неговите добри плодови.

sv.efrem.sirin2.jpg
Во текот на Великиот пост се практикува една многу силна молитва од св.Ефрем Сирин позната како Великопосна молитва . Сите богослужби се завршуваат со неа , почнуваќи од Сирната недела само во среда и петок , за време на великата 40-ница од понеделник до петок , сите седмици до празнувањето на Лазаревото воскреснување.
Текот на молитвата оди вака :
 
Господи и Владико на мојот живот,
Не ми давај дух на мрзливост,
очајание, властољубие и празнословие.
(
1 метанија)
Но мене, на Твојот слуга, подари ми
дух на целомудрие, смирение, трпение и
љубов.
(
1 метанија)
О, Господи Цару, дај ми да ги согледам
моите согрешенија и да не го осудувам
мојот брат, зошто си благословен
во вековите на вековите. Амин!
(
1 метанија)
 
(
12 мали поклони ) со молитвата
Боже очисти ме мене грешниот/та и помилуј ме
Потоа, се чита цела молитва (сите три стиха) па се прави една метанија.
*
Владико Боже, Отче Седржителу, Господи,
Сине Единороден, Исусе Христе и Свети
Душе, едно божество, една сила, смилувај
се на мене грешниот и како што Ти е
угодно спаси ме мене недостојниот Твој
слуга, зошто си благословен во вековите
на вековите. Амин!
 
Многу е душеполезно во овој период таа да се практикува на крајот од личното молитвено праволо.
Благодатта Божја со сите вас. амин.

 

 Подготви: о.Горан Тасески

 

Друго: