ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 


Тропар на светите
Христови апостоли
Сила, Силуан, Крискент,
Епенет и Андроник
30 јули / 12 август

Петтобројниот хор на Христови Апостоли
со пофални песни да го восфалиме
Сила, Силуан, Крискент, Андроник со Епенет,
зашто тие идолската прелест ја разобличија,
а неверните за верата ги уловија,
и непрестано се молат за сите
кои нивниот спомен го величаат.


 
Извор МПЦ – ОА

Тропар на светиот
Јован војник
30 јули / 12 август

Засакувајќи го Евангелското блаженство,
богомудар Јоване, чистотата на срцето
девствено си ја сочувал.
Затоа презирајќи ја суетата на овој свет,
си се стремел Бога да Го видиш,
Кој те прослави со сила да исцелуваш од разни болести.
Поради тоа те молиме: испроси ни од Христа
избавување од сите неволји и
добивање на Царството Небесно!



 
  Извор МПЦ – ОА



Тропар на светиот
свештеномаченик Христов
Валентин
30 јули / 12 август

Боговдахновен учителу во Господа,
Валентине свети, Животот ти подари
да видиш деца од своите деца во Христа,
да рашириш молитва од татко на син и мајка на ќерка,
па собрани околу света трпеза,
излечени да бидат со вера во Бога.
Радувај се свет епископе
и за нас спомни си од Царството Нетлено.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобната мајка
Ангелина
30 јули / 12 август

Патот земен долго беспаќе постана
во кое Господ те сочува заради верата твоја
која стана украс на животот твој
о блажена мајко Ангелино,
молитвите кон Спасителот принесени
како роса ермонска се разлеваат над сите оние
кои го чествуваат споменот твој
и Бога Го прославуваат во вечни векови.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Герман Соловецки
чудотворец
30 јули / 12 август

Со името Господово на усните
суровата пустина ти стана мелем на рана телесна,
о Германе соподвижниче на Зосим и Саватиј
преподобните, моли се за нас оче преподобен
кој во срцето свое Го смести Несместивиот
Спасител на нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови маченици
презвитери Пармениј, Елим и Хрисотел
ѓакони Лука и Муко и мачениците
Олимпиј, Максим, Авдон и Сенис
30 јули / 12 август

Гласот твој облагодатен гори и планини надмина
од уста онемена, о, Пармение оче свети,
и благодатта ти дарувана, сила даде во исповедништво
на Елим, Хрисотел, Лука, Мука, Олимпиј и Максим,
а царската порфира на Авдон и Сенис
во прав се развеа пред венците и облеките
небесни кои Христос за нив ги припреми.
Радувајте се и за нас молете се верни слуги Господови.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Полихрониј
30 јули / 12 август

Како јагне доведен пред судот човечки
устата твоја со одговори не ја оскверни
о Полихроне свети, кој деноноќно на молитва
за паствата пред олтарот Божји стоеше
и уста за поуки не запираше.
Радувај се сега и за нас моли се собеседнику
на ангелите во Царството на вечните.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Од Верскиот календар на МПЦ (12.08.2023)

sv.kliment.ohridski.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Сите се од Седумдесеттемина апостоли. Свети Сила беше испратен од Ерусалим во Антиохија со Павле и Варнава за таму да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците коишто преминуваат во христијанство (Дела Апостолски 15, 22). По ова Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде што мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1 Петар 5, 12; 2 Кор. 1, 19). Како епископ во Солун се потруди многу, многу претрпе додека не го замени земниот живот со небесниот. Крискент му беше сотрудник на Светиот апостол Павле (2 Тимотеј 4, 10), а потоа епископ во Галија, каде што маченички пострада за Христа во времето на Трајан. Свети Епенет, когошто го спомнува Светиот апостол Павле (Рим. 16, 5), беше епископ во Картагена. Андроник (Рим. 16, 7), епископ Панонски, се спомнува одделно на 17 мај.

Светиот свештеномаченик Валентин

Беше епископ во италијанскиот град Интерамна. Го исцели болниот брат на римскиот трибун Фронтан. Кога се разболе Херимон, синот на познатиот философ Кратон, посоветуван од Фронтан Кратон го повика Валентин во Рим. Херимон беше сиот згрчен, така што главата му беше свиткана меѓу колената. Валентин се затвори во собата со болниот и цела ноќ ја мина во молитва. Утредента го изведе Херимон наполно здрав и го предаде на татко му. Тогаш се крсти Кратон со целиот свој дом и со своите тројца ученици. Херимон го остави татковиот дом и тргна по Валентин. Тогаш се крсти и синот на римскиот епарх Авундиј. Разјарен од ова, епархот го фати Валентин и откако го мачеше го уби со меч. Тогаш беа убиени и тројцата ученици на Кратон: Прокул, Евив и Аполониј. Нивните тела ги зеде Авундиј и чесно ги погреба. Сите пострадаа во 273 година и станаа граѓани на Небесното Царство.

Светиот свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски

Кога го освои Вавилон, царот Декиј го фати Полихрониј со тројца презвитери, двајца ѓакони и двајцата покрстени кнезови: Авдон и Сенис. Полихрониј не сакаше ништо да му одговара на царот а само молчеше, додека презвитерот Пармениј одговараше за сите. Царот ги одведе епископот и свештениците во Персија, во градот Кордова и ги уби со секира. А кнезовите, Евдон и Сенис, ги одведе со себе во Рим и таму прво ги фрли пред ѕверови, а потоа ги погуби со меч. Сите пострадаа чесно, во 251 година.

 sv.Jovan.voin.jpg

Свети Јован, војник

Потаен христијанин. Испратен од царот Јулијан Отстапник да ги убива христијаните, тој не ги убиваше, туку им помагаше да се скријат. Јулијан го фрли во затвор во Цариград. Кога умре злобниот цар, Јован се предаде на подвиг живеејќи во чистота и светост. Се упокои мирно на старост. По смртта им се јавуваше на некои коишто имаа потреба од неговата помош. Молитвите кон него помагаат за пронаоѓање крадци.

5. Прeп. мајка Ангeлина, дeспoтица српска. Нeјзинитe мoшти лeжат вo манастирoт Крушeдoл (види, гo нeјзинoтo житиe пoд 12 дeкeмври).