(28.05.2014 13:31)



Руската Православна Црква го искажа своето гледиште во врска со средбата помеѓу Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и римскиот папа Франциск. Во свое интервју во Москва, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Волоколамски Иларион, изјави дека тоа е средба помеѓу Епископите на Рим и Цариград, без особена важност за останатите Православни Цркви.

 

Митрополитот Волоколамски Иларион исто така изјави дека тековната криза во Украина, која ги интензивираше тензиите помеѓу тамошните Цркви, ги влоши односите Москва ‒ Ватикан, кои беа почнале да се подобруваат од изборот на папата Франциск. Зборувајќи од својата канцеларија во Московскиот Даниловски Манастир, Митрополитот Иларион рече: „Сите овие настани и активноста на унијатите нè враќаат во времето кога католиците и православните не се сметаа себеси за сојузници, туку за непријатели.“


Извор: Pravoslavie.ru, Thetablet.co.uk

Превемено од: МПЦ-ОА