Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 13:31-37;14:1-2

31.     Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
32.     А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
33.     Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето.
34.     Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.
35.     Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро;
36.     па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете.
37.     А што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: »Бидете будни!«“