3.angeli.so.truba

Првото литургиско заедничарење и осветување на куполните Крстови и црковното  Ѕвоно во Населба Рача- Охрид

На 29ти јули 2020 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија,  молитвено го прославува споменот на светеномаченик Атиноген и маченица Јулијана, во Воведенскиот храм во охридската населба Рача, ереј Сашо Ристески  во сослужение на ереј Александар Димоски и презвитер Димче Азески отслужија Божествена Литургија, за соединување со Хиста преку путирот од кој живот исходи.
На овој свечен чин добриот Бог ни донесе и драги гости од свештената Бигорска обител, кои со нивното ангелоподобно пеење ни ја зголемија радоста.


 3.angeli.so.truba

Големо е и прекрасно човекољубивото благоволение на нашиот Господ! Каква силна духовна радост ни донесе, само пред две години, ги поставивме темелите на Богородичниот Храм, а денес за првпат во нашата населба Му Благодариме на Оној кој за нас се предаде.

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

  • Untitled-1
  • Untitled-2
  • Untitled-3
  • Untitled-4
  • Untitled-5
  • Untitled-6
  • Untitled-7

 

Предобриот Бог нѐ удостои со уште една небесна радост, осветувањето на куполните крстови и ѕвоното за камбанаријата.
 
„Колку е голема силата на Крстот! Колку моќно го промени тој човечкиот род! Како од длабока темнина нѐ изведе во бескрајна светлина, од смрт ни го врати вечниот живот, од распадливост нѐ воведе во нетленост! Кое добро што го имаме денес не било постигнато преку Крстот? Преку Крстот се учиме на побожност, учиме за Божјата природа. Преку Крстот ја научивме вистината за Бога и преку Него, ние што бевме далеку, се соединивме во Христа и се удостоивме за благодатта на Светиот Дух. Преку Крстот учиме за силата на љубовта и се учиме да се жртвуваме за другите“ (Свети Јован Златоуст).
Крсното знаме на куполите се свештен дар од Трајан Џајкоски со фамилијата.
 
Големо е и прекрасно човекољубивото благоволение на нашиот Господ! Ете Он, Предобриот, како чедољубив Татко веќе се погрижи да ни испрати благовесник, нов свештен украс – нова камбана, за Воведенскиот храм во Населба Рача.
 Премудриот наш Творец, Кој за сѐ се грижи и сѐ добро устројува, го испрати Својот верен слуга, благочестивиот дарител и ктитор Љупчо Митрески со неговото семејство, кој со благослов на нашиот митрополит, за свое лично и за спасение на своето семејство, а за радост на сите соселани воден од света ревност и голема љубов, се потруди со лични средства да ја покрие изработката на ова големо ѕвоно. На него е врежан натпис: Во слава на Троичниот Бог и во чест на Пресвета Богородица ова ѕвоно го приложи семејството Митрески за благослов и вечен спомен, во време на митрополит Тимотеј  во летото од Христа 2019
Нека ова благородно и благочестиво ктиторско дело на семејството Митрески им послужи за спасение и вечен спомен на нивните души. Амин!

 

 За Преминпортал: Дејан Блажески

Охрид, 29ти јули 2020г.