логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Dokoslogija-Bigorski-Ilinden-2020-2

 Dokoslogija-Bigorski-Ilinden-2020-4

Бигорскиот храм на Светиот и Славен Јован Претеча и овој пат беше место каде се изврши чинот на Доксологија – молитва за покој на душите на паднатите борци на браникот од верата и Татковината наша.

На крајот од свечената Доксологија, нашиот возљубен старец, игумен и владика, Епископот Партениј, трогнат од големината и значењето на овој ден, им се обрати на верните со пригодно пастирско слово:

Нека ни биде честит големиот духовен и национален празник Илинден, денот во кој си спомнуваме за Светиот пророк Илија, како и за херојското Илинденско востание, што нашиот народ бестрашно го дигнал против тиранијата, жртвувајќи се од срце за слободата.

Се чини дека нема ништо поскапоцено од слободата. Таа е најголем Божји дар, печат на Неговата татковска љубов кон човекот. Имено, Он го создал човекот слободен. Уште во првите страници на Светото Писмо читаме како Бог ги создал Адам и Ева како слободни битија, со право на избор помеѓу доброто и злото. Тоа е израз на Неговата совршена љубов, бидејќи љубовта може да биде вистинска само кога е во слобода.

Враќајќи се наваму од славното село Лазарополе, размислував за една преубава личност од Стариот Завет, којашто сметам дека е полезно да ја спомнеме и да се поучиме од неа. Се работи, имено, за прекрасниот Јосиф, синот на патријархот Јаков, кого браќата негови го беа продале од завист, затоа што му беше омилен на таткото. Најнапред го фрлиле во јама, а потоа го продале како роб, при што накрај завршил кај некој дворјанин на фараонот на Египет. Во куќата на Египтјанинот тој се покажал како особено благочестиво, чесно и трудољубиво момче, така што, гледајќи ги неговите квалитети, овој царски човек го поставил за господар на целиот негов дом. Но еден ден, жената на господарот, распалена од блудната страст, посакала да го има момчето кое било многу убаво, за нечиста врска. Искушението за Јосиф било толку големо што дошол до степен да ѝ дозволи на жената да го соблече, но во тој миг си помислил на својот Бог, колку е Он добар и праведен. Тој верувал во единиот вистински Бог, во кого верувале Јудеите, а не во измислените египетски боговите, претставени како суштества со човечки страсти и слабости, од кое кривоверие произлегувало безбожното и распуштено живее и моралниот крах на египетското општество.

Јосиф, значи, мислејќи на својот Бог, ја победил страста, се победил себеси. Избегал во тој момент од жената на својот господар и го напуштил неговиот дом. А лукавата господарка, за да би се оправдала самата, го обвинила Јосифа пред својот маж, како тој наводно сакал да блудствува со неа. Поради тоа Јосиф многу пострадал. Го победил гревот, но во тој момент паднал во немилост и бил одведен во затвор. Меѓутоа, праведниот Бог никогаш не ги заборава Своите угодници, туку ги наградува оние што живеат во слобода со Него, победувајќи го гревот и страста. По неколку години трпеливо поднесување на неправедниот затвор, Бог го прославил Јосифа уште повеќе од претходно. Имено, се случило египетскиот цар, фараонот, да сони едноподруго два чудни сона од кои многу се вознемирил. Тој ги повикал сите египетски гаталци и мудреци и им ги раскажал соновите, но никој од нив не можел да каже што означувале тие. Тогаш неговиот винар му кажал дека во затворот се наоѓа едно младо еврејско момче кое од Бога имало дар да толку сонови. Фараонот веднаш наредил да му го доведат Јосиф од затворот, за да му го протолкува сонот. А овој праведен Божји човек, со мудроста и просветлението што му биле од Бога дарувани, протолкувал дека на египетската земја и на целиот Исток му претстоеле седум плодни годни, после кои следувале други седум, крајно сушни и неплодни. Тој, исто така, го посоветувал фараонот да постави мудар и разумен управител, кој во текот на седумте плодни години, со добро стопанисување, ќе заштеди доволно намирници за да може да се прехрани египетскиот народ во текот на седумте сушни години. Фараонот се воодушевил од мудроста на момчето, та го поставил токму него за управител на царскиот двор, веднаш до него самиот. И Јосиф, кој го презрел предлогот на нечестивиот и избегал од гревот, останувајќи духовно слободен, од роб и затвореник, сега станал господар на целиот Египет.

Библискиот расказ за прекрасниот Јосиф е многу убав и прилично долг и не би сакал сега во детали да го прераскажам – кој сака може да го прочита во книгата Битие – но сакам да извлечеме поука од него, дека оној кој се воздржува од злото бива од Бога многу повеќе награден и станува добротвор не само за сопствената душа, туку и за целиот народ. Така, дошло време, во годините на глад, единаесетте браќа што некогаш го продале Јосифа како роб, да бараат од него пченица, за да можат да преживеат. Накрај, целиот Израил се спасил преку овој Божји страдалник, преку овој голем човек во очите Господови, затоа што се победил себеси и го победил гревот. Станал победител и цар, пред сè, над себеси. Затоа и се покажал како вистински владетел, којшто му донел добро на еден цел народ.

Ова е особено добро да го знаат монасите. Доколку сакаме да станеме владетели над себеси, неопходно е да ги одбиваме сите предлози од овој свет. Кога и старите философи дошле до констатација дека човекот треба да се запознае најнапред себеси, тогаш колку ли повеќе треба да важи тоа за нас, монасите?! Во стариот век, во времето пред Христа, луѓето недоволно се труделе да се спознаат себеси. Идеологија им било задоволување на страстите, живееле животински. Ретки биле тие што се издигнале на повисоки философски скалила, та дошле до такво сознание дека човекот треба да се спознае самиот себе. Подоцна, отците на Црквата наша ја надополниле таа философска синтагма и додале: спознај се и победи се себеси. Навистина, нема поголемо нешто од тоа, откако ќе се спознаеш себеси, своите слабости и страсти, да извојуваш победа на себе и да станеш вистински слободен, бидејќи Христијанството е вера на слободата.

Доаѓајќи на земјата и влегувајќи во историјата на човештвото, Спасителот Христос ја претвори не само во човечка, туку во богочовечка. Бог влезе во нашата историја, за да нè ослободи и обожи. Тој, Кој беше Бог, стана и човек, за ние да станеме богови по благодат.

Денес си спомнавме за Јосиф. И тој бил еден од старозаветните праведници како и Илија, кои го чувале народот од зловерните учења, какви што биле верувањата на Египтјаните, Хелените, Вавилонците, Персијците итн. Во тоа време единствено Евреите ја имале правилната вера во Бога. А си спомнавме за овие свети и светли личности, за да се потсетиме колку е важно човек да бега од гревот и да се бори со страстите.

Господ во Светото Евангелие рекол дека никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон (Матеј 6,24). Единствена страст која во Евангелието добива персонифицирана форма и која е споредена со Бога, бидејќи може сосема да Го истисне Бога од срцето човечко, е среброљубието, љубовта кон парите и богатството. Најстрашната страст! Замислете сега што се случува доколку еден човек, поразен од страста на среброљубието, биде поставен на високо место, управител на еден народ?! Ќе страда целиот народ поради него. Свети Јован Златоуст вели да не ги осудуваме тие што се на високи места и што се избрани да водат, туку да ги жалиме и да се молиме за нив, бидејќи нивната одговорност е најголема. Да се молиме да го подражаваат прекрасниот Јосиф, кој во моментот на искушение и слабост ги управил своите мисли кон Бога во молитва и побегнал од гревот. Затоа Бог го поставил за владетел, за да ни покаже дека вистински и богоугодно може да владее само оној кој завладеал над сопствените слабости.

Впрочем, сите ние сме должни да бегаме од гревот, за да останеме во слободата со која нè ослободи Христос. Веќе рековме дека нема ништо поскапоцено од слободата. Пред малку ги испеавме двете химни на нашата држава, Изгреј зора на слободата и Денес над Македонија се раѓа. И во двете на почеток се спомнува слободата како врховен идеал. Токму за тој идеал паднале многумина наши предци и денес ние си спомнуваме за сите нивни жртви, за сета нивна љубов. Поради нивната крв денес ние живееме слободно и се радуваме, како свои на своето.

Многу е потребно сите да живееме како вистински Христијани, а не само на име. И погрешно е постојано да ги обвинуваме луѓето од власта и од раководните позиции за лошата состојба во нашето општество. Не само тие, туку сите сме виновни. И раководителите се произлезени од нас, од народот. Како што ние лично не бегаме од гревот, туку се оддаваме на сластољубието, така и тие. Само што колку човек е на повисока положба, толку повеќе доаѓа до израз неговата бедотија и штетата што ја причинува за околина е далеку поголема. Ако на владејачко место седне острастен човек, тој ќе се погуби и себеси и мнозина негови потчинети, а во некои случаи и цели народи.

Dokoslogija-Bigorski-Ilinden-2020-8

Би можело да се рече дека пророци на денешното време се монасите. Затоа, ве замолувам, браќа, да внимавате што правите со вашите животи. Сакам да се угледате на Свети Илија, на Свети Јосиф и на другите свети пророци. Знам дека е тешко да се воздржуваме, ама мораме заради душите што ни ги доверил Бог. Мораме да се бориме до крај. А борбата подразбира жртва. Жртва и за најмалите, безначајните, заборавените, за сите луѓе. Светиот Апостол Јаков вели: Голема сила има усрдната молитва на праведникот. Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци (Јаков 5,16-17). Ние не сме праведни, туку сме многу грешни, но кога се трудиме од срце да Му угодиме на Бога, Он ги слуша нашите молитви. Па така, да се бориме за да ги љубиме сите, та со тоа да се оправдаме и да бидеме помилувани.

Нека ни е честит празникот и нека Господ ни ја чува Црквата и Татковината!

Да сте живи и здрави!

 Dokoslogija-Bigorski-Ilinden-2020-11

Dokoslogija-Bigorski-Ilinden-2020-12

 Dokoslogija-Bigorski-Ilinden-2020-13

 Dokoslogija-Bigorski-Ilinden-2020-15

Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/vistinski-mozhe-da-vladee-samo-onoj-koj-se-pobedil-sebesi/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная