Goran.Kristina1

Скопје, 22 јули 2023 г.-храм на св.вмч. Димитриј

Goran.Kristina2

Goran.Kristina

Goran.Kristina3

Суштината на бракот ја остварува својата мисија  со благословот од Црквата.

 На 22 јули 2023 година, на празникот на св. свешт-мч.Панкратиј и св.Теодор Едески, во храмот посветен  на св.вмч. Димитриј во Скопје, старешината на храмот отец Александар Несторовски во сослужение на презвитерите Томе Атанасовски и Жарко Ѓорѓиевски  го благослови бракот на  чедата Божји  Горан и Кристина.

 Goran.Kristina4

 Goran.Kristina5

 Goran.Kristina6

 Goran.Kristina7

 Goran.Kristina8

 Goran.Kristina9

 Goran.Kristina10

 Goran.Kristina11

 Goran.Kristina12

 Goran.Kristina13

 Goran.Kristina14

 Goran.Kristina16

 Goran.Kristina17

„Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата. И така секој од вас да си ја сака жената своја како што се сака самиот себе, а жената да се бои од мажот свој.” (Ефес.5,31 -33)

 Goran.Kristina18

 Преминпортал (к.т.)

 Tome.Atanasovski.Raslab7

 

Друго:

ВЕНЧАВАЊЕ ВО СВЕТА ЛИТУРГИЈА

 Svadba.Stefche.jpg

Православната Црква ги признава граѓанските бракови. Но, од црковна гледна точка тие не се допираат до Божјите благослови, кои се добиваат при Светата Тајна Венчание. Таму има убава молитва за деца, трогателна молитва за нашите родители, чии што благослови се сметаат за гаранција за траен и среќен брак: „Спомни ги, Господи Боже наш, и родителите нивни кои ги одгледале, затоа што по молитвите на родителите се закрепнуваат основите на домовите.“

Tome.Atanasovski.Raslab10

Симболика на  предметите присутни на венчавка во црква:

Бурма

Разменувањето на прстените симболизира безгранична доверба и препуштање на самиот себе на другиот. Исто така, означува и верност до крајот на животот.


Свеќи

Свеќите кои горат за време на венчавањето означуваат чистина, духовност и небесна светлина. Со помош на свеќите, младите дозволуваат да бидат благословени од Бог.

Бело платно

Обвиткувањето на рацете со бел или друг светол материјал ја симболизираат меѓусебната почит, слогата, верноста и единството на парот.


Венци или круни

Разменувањето на венчињата или круните означуваат дека нововенчаниот пар создава свое мало кралство во кое се почитува Бог и се владее мудро и праведно.

Вино

Во текот на венчавката младите пијат вино, што ја симболизира Исусовата крв. Пиењето од иста чаша означува поделена радост, но и тага, како и животна хармонија. Со тоа што делат вино, младите ветуваат дека ќе делат сè и во бракот.

Goran.Kristina19

 пп