За верата што расте со човекот

Знаете, мислам дека е невозможно да се вратиме во детството, повторно да го стекнеме искуството на верата што тогаш сме го имале и да го сметаме за свое денешно искуство. Зашто токму тоа ги тера луѓето да се сомневаат, токму тоа ги збунува: на шест, седум, осум години, а можеби и на десет или нешто повеќе, тие имаат жива вера; потоа ја губат, затоа што се појавуваат прашања, сомнежи, затоа што разумот и искуството почнуваат да се судираат со нивната вера. А потоа се обидуваат повторно да ја стекнат верата од детството — и не можат.
И слава Му на Бога што не можат, зашто би било многу тажно човек на триесет, четириесет или седумдесет години да ја има истата вера што ја имал на шест или седум години — толку незрела вера, што би била осудена да згасне.
Наместо тоа, треба да си кажеме:
„Ова е она што јас, како дете, го знаев со сигурност — во границите на моето тогашно разбирање. А сега да видиме поради што почнав да се сомневам.
“Знаете, тоа е зачудувачки, но токму така се случува: кога кај научникот ќе се појават сомнежи во врска со неговото сопствено откритие, тој се радува и вели:
„Значи, мојата теорија, која изгледаше толку убедлива, всушност е нецелосна. Тоа значи дека светот што го истражувам е побогат отколку што мислев. Сега треба да го направам следниот чекор
.“Сомнежот го поттикнува научникот кон нови откритија, затоа што тој не го пренесува својот сомнеж врз предметот што го истражува. Тој вели:
„Моето разбирање е нецелосно; предметот е посложен отколку што мислев.
“Но верникот многу често вели:„Повеќе не Го гледам Бога онака како што Го гледав кога имав шест години — значи, Тој не постои.
“Но Бог, Кого Го познаваш на четириесет години, не може да биде ист со претставата што си ја имал за Него на шест години.
И тоа е истиот Бог Кого допрва треба сè повеќе да Го познаваш. А нашата вина е што не сме ги правеле тие откритија од година во година, туку сме им дозволиле на други преокупации целосно да го покријат нашето познание за Бога.
— Митрополит Антониј Сурошки, „Дали навистина е така?“, разговор за смислата на Воплотувањето со Иван Расел-Џонс, BBC Radio Wales, 21 декември 1986 г.
Подготви С.Стефковски
21.09.2026