Ivan.Goshevski.nedela

Недела на преподобна Марија Еrипетска

Оваа недела од Велигденскиот пост светата Црква ја посветила на преподобна Марија Египетска. Во деновите на пост и покајание, споменот на оваа Божја угодничка се покажува посебно спасоносен и значаен за нас христијаните. Сите ние сме потопени во гревови. Така, многумина наоѓајќи се во грев, паѓаат во очајание и тешко им е да соберат сила за да се издигнат од тој валкан живот. Непријателот на човечкиот род со сите сили се обидува да внуши мисла во нас дека сме во безизлез и без можност да се молиме и да се каеме, бидејќи Бог нема да ни прости, бидејќи престаnите ни се nреголеми. Ако ние се предадеме на ваквата помисла и го nослушаме духот на злото, тогаш ќе биде многу тешко да nристапиме кон исповедта онака како што бара нашата вера. Така, ќе останеме далеку и од милосрдието Божјо. Но, потребно е да запомниме дека Бог е нашиот небесен Отец и не сака сите. Тој не nовикува како заблудени деца со смиреност и nокајно срце да се вратиме во nределите на светлите небесни обители, каде не очекува Божјата љубов.

Токму во оваа насока, поучно и утешително нам грешните може да ни nослужи целокуnниот живот на света Марија Егиnетска, кој е восхитувачки поради нејзините големи подвизи. Да размислиме за нашите гревови, но тие да не не соблазнат и одведат во очај. Еве,пред нас имаме nример на голема грешница и на големото милосрдие Божјо кое се nростува. Да не доnуштиме привлечноста кон гревот да не поробува и да го намалува стремежот за поправање. Преподобна Марија Египетска била голема грешница, но со подвизите успеала да ги победи телесните задоволства и така се издигнала над пороците, уподобувајќи се по чистота на ангелите.

Што не поучува животот на Марија Египетска? Таа била голема грешница. Мислела само на земните телесни задоволства кои биле за секаква осуда. Но, љубовта Божја не ја оставила, иако била толку голема грешница. Нејзината желба да се поклони на животворниот крст Господов во Ерусалим и попреченоста да го стори тоа поради недостојноста, ја поттикнале на искрено покајание. Во тој миг таа ги согледала сите свои беди и нечистотии. По застапништвото на Пресвета Богородица И било допуштено да се поклони на крстот и токму во тој миг кај неа се родила силна одлука да ги презре сите земни слабости и да се одлучи за неверојатни подвизи, оддалечувајќи се во Јорданската пустина. Таму во строг пост и молитва поминала 17 години, стекнувајќи ангелска чистота. Затоа, се удостоила да биде прозорлива и да оди по вода како по суво. Таа одела од сила во сила, достигнувајќи такво совршенство што личела на земен ангел. Така и во кондакот кој ѝ е посветен се вели: "Со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот живот подражавајќи го..."

Светата Црва денеска го изнесува примерот на света Марија Египетска со јасна цел, покажувајќи ни колку е милостив нашиот Отец небесен. Нејзиниот пример ни кажува дека не постои грев кој Бог нема да ни го прости, ако ние искрено се покаеме и со вера ја измолиме благодатта Божја. На тој начин секогаш ќе најдеме простување, очистување и помирување со Бога. Нема гревовно осквернување кое не би се измило со nокајни солзи.

Светата Црква не бара од сите нас да nојдеме во пустина како Марија Егиnетска. Но, подражавањето на неа подразбира да ја следиме во верата и да се трудиме да се воздржуваме од гревови, да се очистиме од нив и да одолееме на желбите за угодување на телото. Целта во животот да ни биде духовно издигнување, поnравање и уподобување на Божјите угодници. Да ја подражаваме света Марија Египетска и во покајанието. Да станеме nодобни на неа, да ја достигнеме чистотата и да се издигнеме на духовна висина, исnолнувајќи го повикот Госnодов: "Покајте се и оттргнете се од вашите престапи... и направете си ново срце и нов дух". Амин.