Одговори на Вашите прашања
      

Одговара: отец Горан Тасески

Прашање: Маријан

 Би сакал доколку можете да ми помогнете, се работи за мој близок (брат) кој страда од психоза (шизофренија). Он не е свесен за неговата состојба, сега е со големи дози на кекарства и е смирен и ме слуша за многу мои совети и препораки. Дали имате да ми препорачате како треба да живееме со овој проблем, како да го надминеме, самите како семејство, како и некоја литература околу ова, но, од православен поглед.
 
Поздрав во Христа! Го очекувам Вашиот ценет одговор во што е можно поскоро време.

Одговор:   
 
Господ да дарува исцеление , радост и мир.
Најнапред треба да се сочува човек од примките на лукавиот кои во ваков случај се поставуваат со цел ако е можно да се намали верата во Бога кај вас и кај оние кои се грижат околу вашиот брат, треба да се внимава да не дојде во таква ситуација вашето семејство.Вашата силна вера му дава надеж за исцеление на болниот брат, исто така го прави посигурен и да има желба  да се фати за подадената Божја рака, а воедно ја зајакнува и  довербата кон вас заради вашата искрена помош. Затоа внимавајте да не се намали вашата вера во Бога .

За да останете секогаш будни со вера во Бога потребно е постојано спремање преку ваш личен подвиг на редовно молитвено правило утринско и вечерно ,  Акатист кон Богородица или св. Наум  . Редовно учество на богослужбите во црква, подготовка за причестување со Чесното Тело И Крвта на Господа Исуса Христа .

Да си одберете од свештениците еден за ваш духовен раководител кој ќе ја следи вашата состојба и на вашиот брат па и на целото семејство, ќе дава поуки и ќе се застапува за вас со своите молитви пред Бога. Во сите овие активности ќе го поканите вашиот брат да учествува, но слободно почитуваќи ја неговата одлука, но во секој случај нека ги гледа вашите молитвени активности кои ги вршите во вашиот дом. Читањето од Св. Писмо на Новиот завет нека биде секојдневно во вашиот дом.

Вашиот брат може да чита од житијата на светиите како И поуки од св.оци  -ава Доротеј, ава Макариј,  о. Серафим Саровски ... Вие од областа на православната психотерапија читајте од о. Јеротеј -Влахос Лекувањето на Душата.. , Владета Јеротич - Мистична Стања Визије и Болести, Лествичник и наше време.., о. Михаил Дронов Психологија Успеха или Православни живот. . 

Но основна работа в овашето залагање нека биде примање на духовна поука од вашиот духовник, потоа да изберете доктор кој би сакал да соработува со вашиот духовник,  редовното учество на богослужбите,  редовно практикување на молитвите в овашиот дом , дружење со верниците од црква и поклонички патувања на свети места. Господ со вас !