Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

 

Прашање: Кога Адам и Ева, биле протерани од „рајот,“ на Земјата, дали тоа значи дека, Земјата е „пеколот“? А душата, после смртта оди во рајот или во пеколот, секому спрема заслугите!


Одговор:  

 Ако сето ова го гледаме од временско-просторна перспектива никогаш нема да го разбереме, Верувам во Единиот Бог Отец, Творец на небото и земјата... се што е создадено од Бог е создадено добро, и Божјото создание во никој случај не може да биде пекол, сето она што заради гревопадот на нашите прародители стана распадливо и смртно, во Христос е пресоздадено и спасено со Неговото Воскресение, пеколот е состојба на отсуство на љубов како што вели св. Максим Исповедник, состојба во која се наоѓаат паднатите ангели, која самите ја приготвиле кога наместо со љубов одговориле со омраза, и од нас зависи, колку љубов сме покажале кон ближниот во кого е ликот Божји, дали ќе бидеме исполенти со љубов и светлина во царството Небесно (рајот) или пак со омраза и темнина во отсуство на љубовта (пеколот).