Одговара: П.П.


 Прашање од Кате: Здраво, Да Ве пофалам за вашата веб страна која дава добри информации. Сакам да ве замолам за услуга или информација:Каде би можела да ја најдам иконата на св. Злата Мегленска, до колку ја имате би сакала да ја добијам.


Однапред благодарам
Кате

Одговара: П.П.


Прашање од  Тања:

Прочитав дека молитвите што се однесуваат на бракот треба да ги упатуваме кон Св. Јоаким и Св. Ана. Постои ли посебна молитва кон нив? Ако постои како да ја најдам, а ако не, која да ја казувам? Би се молела за родителите, а не за мене. Големо благодарам



 

 Одговара: П.П.


Прашање од Златко Тодоров:

Прашање: Ме интересира зошто МПЦ молчи и не ми одговара на моето поставено прашање, во врска Велигден во црквата во нас. Аеродром. Атмосвера како што човек само може да посака. Полн двор луѓе, во исчекување на тој боженствен момент, Христовото Воскресение. Јас со жена ми и помалиот син исто така  бевме во големото исчекување. На син ми му кажував дека три дена камбаните не бијат а на полноќ сите се весели и радосни дека повторно камбаните бијат радосно да ја објават таа голема вест дека Божјиот син воскреснал. Но гледај чудо. Во оваа црква нема ни поп ни камбани не бијат. Веднаш ме демантираа јас тоа што на мојот син му го кажав. А гледај уште едно чудо. Пари за свтеци се собираат и луѓе на ред чекаат. А дома кога дојдов видов преку 20 свештени лица како во централниот храм како парадираат. Се работеше само за едно свешстено лице кое требаше да пее и да објави за Христовото воскресение.
Моето прашање беше дали нашата црква на ваков начин мисли да ја шири верата. Значи ли тоа дека таа е само комерцијална.
Барем Вие удостојтеме со одговор, било каков само да можам на син ми да му објаснам зашто дедо Господ таа вечер нас не заобиколи.

Ви благодарам

Одговара:П.П.


Прашање од Јана:

 Дали е во ред да се спомнува Господ, да се зборува за Него, да се фали Господ во меѓусебен разговор или тоа треба да е тајно?

Одговара: П.П:


Прашање од Јованка:
 Дали е нормално еден духовен отец кога сакаш да му се повериш , да разговара со мене во ходникот притоа брзајки фатен за кваката да оди,а јас му кажувам за толку чуствителна тема од мојот живот,ј ас го замислував мојот прв разговор  со духовен отец сосема поинаку.Ве молам ако може да ми одговорите ?

Одговара: П.П.


Прашање од Ристе

Прашање: Јас сум црв - Боже чуј, Господи помилуј.

Нели овој стих од молитвата на СВЕТИ ИСАК СИРИН се коси со едан од десете Божји заповеди во која не учи да не се поклонуваме и покоровуме пред другите. Друго прашање, нели е нелогично да се споредува човек со црв, две нешта кои Господ ги создал и им дал посебни улоги и својсвства и карактеристики. Нели  тоа алудира на тоа  дека човкот се променил од човек во нешто друго, дали по својот облик или карактеристики, а тоа исто така не е во склад со црквата.
Се надевам дека не ви досадувам со моето прашање и ќе најдете време да ми одговорите.
Ако грешам Господ нека ми прости!
Поздрав!

Одговара: П.П.

Прашање од Марија:

 На 01.07.2008 со моето момче ќе се вселуваме во стан , впрочем се решивме да живееме заедно(под кирија).  Ме интересира дали е тоа поволен ден и дали има некој обичај што треба да го направам при влегувањето за да имаме мир и слога во заедничкиот живот .

Одговара: П.П.


Прашање од Дарко:

Срдечен поздрав до сите.
Веќе подолго време ме мачи совеста околу исправноста на мојот брак.Се работи за следново. Моите родители се кумови и пред 5 год.извршија венчавка.Од невестата прва братучетка сега ми е сопруга.Дали постои некаков спор околу бракот, мислам на степенот на блискост.Јас веќе имам и син со мојата сопруга и мислевме дека тоа што сме заедно е исправно.Ве молам за одговор и однапред ви благодарам.Господ да е со вас.


Одговара: П.П.

Прашање од Александар Исјановски

 Каква е поврзаноста на денот Духовден со симнување на Светиот Дух врз апостолите.И зошто кај луѓето зе збори дека духовите тогаш излагале.Дали црквата може да го оправда ваквиот начин кај луѓето, да бидат на гробишта  а не на света Литургиа во неделата на Духовден.


Одговара :П.П.

Прашање од Тања : Дали постои и ако постои, кој е тој светец кој е заститник на бракот, па во добро, а особено во лошо молитвено да му се обраќаме?

 

Одговара П:П:

Прашање од Лина:

Моето прашање кон Вас е следново:
Зошто постои страв од болести, од непознатото, од жртвата, а сепак би можела да се декларирам како верник.

Мислата која ми помага е од св.Петка: Имај трпение, ке дојдеш до Спасение!
Сето тоа е во ред ...но, сустината е како да го креирам тоа трпение во мене и за мене?

Поздрав Лина

Одговара:П.П.


 Прашање од Весна: Почитувани,
Ве молам да ми разјаесните една дилема.
Имено, имам успешен бизнис и доаѓаат луѓе кој постојано ми бараат пари за разни нивни потреби да им давам. Дали како добра христијанка, должна сум да им давам или е доволно тоа што давам прилози за изградба на цркви и манастири?
Напомнувам дека лихварка која дава заеми за камати и која зема гаранции не сакам да бидам но луѓето претеруваат.Што да правам?
Благодарам

 

 

Одровор:

Во врска со Вашата дилема  посоветувајте се вашиот парохијски свештеник, а најдобро за вашиот духовен раст е да одберете духовен Отец.