Одговара: отец Горан Тасески

 


Прашање од Маја: Здраво,
Вака, имам сонувано тројца луге облечено во свештеничка облека кои бараат помош од мајка ми и мене за некого кој починал 1979 кој не го познаваме, едниот кој беше мал по раст  носеше кандило кое го фрли пред мене а неможам да се сетам што точно ми рече.
Дали треба да им давање значење на соништата кои ги сонуваме, и какво значење имаат кога сонуваме вакви или слични соништа.
Поздрав

 

Одговор:

 На соништата не треба да им се придава значење , но во одредени случаеви треба да ги  објавиме пред духовниот отец, за да добиеме потребни духовни инструкции како да постапиме . Во конкретниов случај мислам дека треба да се помолите и ти и мајкати за тој човек бидеќи му се потребни вашите молитви  Помолете го Господа да ви го открие неговото име, за да се помолиме за него,  ако не се случи тоа тогаш бидете спокојни бидеќи е игра на лукавиот.
Господ со вас . Поздрав.