(3 септември 1953)

Архимандрит Тимотеј Каламберидис

Во манастирот стигнав во октомври 1952 година, на возраст од 55 години. Следната година, конкретно на 2 септември 1953, се случи отворањето на светите мошти на свети Нектариј.

Откопувањето, како што беше одлучено летото, започна откако се стемни. Беше 8 или 9 вечерта. Немавме струја, па работевме со ламби. Сите наоколу, со запалени свеќи и светилки.

На почетокот беше прочитана неговата служба. Откако ги извадивме светите мошти, ги ставивме во легени. Ги измивме со розова (миризлива) вода и други мириси. На одредени делови од моштите имаше залепено платно, кое го исчистивме. Направивме панихида и ги ставивме во храмот за поклонение. Насекаде се разлеваше благоухание, кое не може да се опише! Колку величествено нешто беше тоа!

Ги положивме среде храмот. Главата и останатите мошти. Ја ставивме и архиерејската митра, патерицата и дикиро-трикирите. Поминуваше народот и со скрушеност ги целиваше. Заборавив да ти кажам дека владиката ми рече мене и на отец Амфилохиј Макрис (денес веќе прославен за светител) да се грижиме за моштите.

За овој настан, беше составен следниов записник:

„На Егина во женскиот општожителен свештен Манастир на Света Троица, денес на 3 септември 1953 година, ден четврток, во 18.00 часот се собра целото сестринство во канцеларијата на повик од игуманијата, преподобната старица Христодула монахиња и на оние под нејзино раководство.

Во текот на ова собрание, после вообичаената молитва, игуманијата зеде збор:

„Возљубени во Христа сестри, веќе сум обземена од свештена скрушеност поради извршувањето на овој голем настан во нашиот Свештен Манастир, остварен после 33 годишнината од светилникот на светлината, за да ги просветли сите повикани од Него во вистината, значи за Откопувањето на свештените мошти на ктиторот на нашиот Свештен Манастир, божествениот иерарх свети Нектариј Пентаполски.

Освен нашиот претстојател и наш духовен отец, Високопреосветениот Митрополит на Идра и Спецеон и на Егина г.г. Прокопиј, по божествено совпаѓање се најдоа овде Високопреосветениот Митрополит на поранешна Илиа г. Антониј, архиерејскиот намесник на Идра архмандритот Хрисантос, архимандритот Јоанис Илиопулос, архим. Амфилохиј Макрис и јероѓаконот Севастијан, сиот клир од Егина, Градоначалникот, магистратот (мировен судија) и началникот на Полицијата. Околу 20.00 часот вчера вечерта, предводени од Високопреосветениот наш духовен отец и во присуство на споменатите клирици и началства, се изврши откопувањето на свештените мошти. Денес беше извршена Литургија, во сослужение на служителите на нашиот Свештен Манастир, архим. Тимотеј, архим. Јоанис, Хрисант, Калиопиј, Павел и свештениците Димитриј, Панајоти и Анастасиј и јероѓаконот Севастијан.

За време на хвалитните стихири беше извршено поклонение на светата глава на божествениот архиереј свети Нектариј, а сиот насобран народ беше исполнет со неискажливо благоухание. Составувачот на овој записник се потпишува.

Присутни на откопувањето вечерта на 2 септември 1953:

+Прокопиј, митрополит на Спецеон и Егина

+Антониј, митрополит на поранешна Илиа

Христодула монахиња, игуманија на сестринството  


Монахињите Акакија, Теодосија, Меланија, Нектарија, Ефросинија,

Ксенија, Партенија, Киријаки, Параскеви, Агати, Евники,

Елисавет, Христонимфи, Синклитики, Евпраксија, Саломија,

Митродора, Партенија, Теофанија.

Текла, игуманија на Свештениот Манастир Ермиони, монахињите Макрина, Маркела, Евсевија, Ефимија, Текла.

Маријам, игуманија на Свештениот Манастир на Света Екатерина.

Градоначалникот на Егина Георгиј Хелиотис

Магистратот на Егина Георгиј Мертикас

Полицискиот началник Патеракис

Секретарот на митрополијата Јоанис Деризиотис

Советникот на општината Панајотис Мертикопулос

Клирот на Егина: архим. И. Илиопулос, архим. Т. Каламберидис, архим. Х. Канелис, Архим. К. Ангелакис,

Свештениците К. Канакис, Јоанис Хартофилакас, Христос Папагеоргиу, Димитриј Ликурис, Анастасиос, архим. Павлос, архим. Амфилохиј Макрис, Панајотис“.



Од книгата на Емануил Мелинос, Зборував со свети Нектариј, стр. 44-45.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2021/09/03/%d0%bd%d0%b0%d0%be%d1%93%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d1%88%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98-%d0%b5/?fbclid=IwAR2PXI1_ur0EzWb1LG12YTKd3bap7OBcohKtKm7nqkoXTVVAmNHeSnakB4Y