Jane.nedelno

МЕСОПУСНА НЕДЕЛА

„Бог е љубов“

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!



На многу фрески низ нашите православни храмови може да се забележи една несекојдневна, но многу впечатлива сцена, на која фрескописецот мошне вешто ги преточил во слика Христовите зборови кои ги слушнавме во денешното Евангелско четиво. Всушност, на тие фрески е претставен Страшниот Суд каде шго Господ Исус Христос иајпрво гледа надесно и им се обраќа на оние, кои се од таа страна: „Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот" (Матеј 25: 34), а другата фигура на Спасителот е свртена кон оние, кои стојат од левата страна и го слушаат страшниот приговор: „Одете од Мене; проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели" (Матеј 25: 41). На првата фигура од Христовото лице излегува светлина и љубов, а Неговите две раце се испружени напред, како да сака да ги прегрне оние, кои живееле според Неговите заповеди, а на втората фигура Христовиот лик е строг и од Неговите очи не излегува еветлина.
Гледајќи ја оваа фреска веднаш треба да се потсетиме на зборовите од апостолот Јован кога безусловно и едноставно тврди дека „Бог е љубов“ (1. Јов. 4: 8). Потврда на ова е и фактот што „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3:|16). Земниот подвиг на Господ Исус Христос е подвиг на љубовта. Самиот Он го надмииал и највисокиот степен на љубовта, зашто Он не умрел за пријателите, туку за непријателите, зашто секој грев е непријателство против Бога. Но, во таа Христова крсна смрт не е откриена само Божјата љубов, туку и законот на Божјата правда,

Таков е нашиот Бог, во Кого ние веруваме и Кој е љубов и правда! Пројавувањето на Неговата правда ние, исто така, го гледаме за време на Неговиот земен живот. Спасителот - постојано ги изобличувал книжниците, митарите и фарисеите за нивните беззаконија; со бич ги изгонил трговците од храмот, кои домот за молитва го претвориле во разбојничко гнездо. Но, Он во исто време го прима митарот кој се кае, зашто Он го бичува единствено гревот, се со цел да го спаси човекот. Веушност, Христос за тоа и дојде на земјава: да го бара и спаси загубениот човек. Дури и во срцето) на Јуда, во миговите на предавството, Спасителот ќе тропне со истата цел, велејќи му: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“ (Лука 22: 48).

Jane.nedelno1
Денес светата Црква не потсетува токму на Праведниот Христов Суд, како подготвително размислување за деновите од великиот пост кои наскоро ќе започнат. Тој ден е денот кога Господ Бог ќе се појави во светот само во Својата правда. Го очекуваме ли ние тој ден или не, еепак, тој ќе дојде, зашто Божјото Слово доволно убедително ни сведочи за тоа. Господ Исус Христос по вторпат ќе дојде на земјава, но овојпат како Праведен Судија, Кој ќе им суди на живите и на мртвите. Во тој ден Он ќе му го открие на целото човештво само лицето на Својата вечна правда. Да се потсетиме дека и светиот апостол Павле не учи: „Сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да примил што заслужил, според она што го извршид во телото свое, било добро или зло“ (2. Кор. 5:10).
А по божествениот приговор, кога од небото ќе слезе „Новиот Ерусалим" и ќе се отворат вратите за верните Божји слуги, оддесно на Бога ќе свети една љубов, во чии зраци ќе блаженствуваат сите вистински Божји слуги. А таму, каде што ќе царува вечниот мрак и каде што вечното страдање ќе биде наследство за непокајаните грешници, одлево од Божествениот Судија, ќе биде царството на Божјата правда, каде што грешната душа ќе го вкуси горчливиот плод од својот земен живот.
Токму затоа никогаш да не ја злоупотребуваме Божјата љубов! Да нема меѓу нас ниту еден непокајан грешник! Со својот живот, согласен со евангелските заповеди, да постанеме достојни за неа. Да се подготвуваме за добар одговор на Страшниот Христов Суд и да ја молиме Божествената љубов да ни помогне да ја спознаеме целата убавина од вечниот живот, па засекогаш да ја соединиме својата душа со Преслаткиот наш Спасител во закрилата на Неговата неисцршива љубов. Амин!


Свештеник Јане Илиев