Hristos.prekrasno68

Со дедо Наум низ Евангелието
Monika Nikolova
·
Коментар на денешното евангелско четиво:


Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа; па ќе рече тогаш: 'Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов'. И штом дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден; тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата.“

Ова се случува кога, на пример, човек ќе се крсти или кога преку исповед и покајание повторно ќе се присоедини кон Црквата, тогаш и демоните бегаат од него, но доколку тој нема континуитет во православниот духовен подвиг, а посебно ако си помисли дека достигнал некоја духовна состојба и дека тоа е доволно, тогаш самиот си ги повикува демоните назад во него и неговата подоцнежна состојба станува полоша од првоначалната; ова посебно важи за оние што добиваат и високи свештенички чинови, а немаат духовно покритие за истите, и згора на сѐ излегуваат од духовно раководство и прекинуваат со исповед.

Додека пак, при молитвата кон лажните богови, како и при разните видови безлични аскези и медитации, кои наводно имаат за цел да го оттргнат човекот од овоземното и создаденото и да го внесат во „духовното“, но кои не го соединуваат личносно со Единствениот Несоздаден Бог и кои не можат да го преобразат човекот и да го извлечат од ропството на создаденоста и демоните, освен што постојано го потхрануваат неговото високо мислење за самиот себе, често и до самите демонски размери; при таков случај, значи, демонот не излегува од човекот, туку само се прикрива, чекајќи погоден момент за дејствување, т.е. можност да нанесе поголема штета, и на самиот домаќин и на мнозина други."

 

2023