TVIT914

Со дедо Наум низ Евангелието
Monika Nikolova
·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp...
             "Знаеме од Светите отци дека умот се нарекува и око на душата. Ако суштината на умот – во срцето, е чиста од грев, што значи просветлена, тогаш и нашата душа и нашето тело ќе бидат светли, преобразени; а, ако пак, суштината на умот е извалкана и затемнета, од прифатените и на дело спроведени гревовни помисли, тогаш и нашата душа и нашето тело ќе бидат темни. И телото е учесник во несоздадената светлина на Преображението или не е – зависи од нас самите; од нашиот однос со Бог.
            Наша христијанска цел е да стекнеме просветлување, т.е. духовен разум, што претставува преобразување на енергијата на нашиот ум преку нејзината примарна функција – молитвеното единство со Бог и исполнувањето на заповедите Божји, односно преку комуникација со Божјата несоздадена енергија; така што еднаш веќе преобразената енергија на умот преобразено да се однесува и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет.
          Ако разумот во нас стане темнина, односно ако знаењето добиено од првото очистување на енергијата на умот – што се случува на степенот од очистување на срцето од страстите, го користиме за забележување и осудување на туѓите гревови, а не за исправање на своите, тогаш каква ли ќе е темнината од зависта, паранојата и омразата кон личноста и успесите на нашиот ближен?
           Старозаветен менталитет е строгото пазење на сјајот на надворешната форма, додека нашата внатрешност е темнина – без просветленост на умот, која произлегува од умно-срдечната молитва и исполнувањето на заповедите Божји; а главната заповед е милост и помош кон оние што страдаат."

 

 Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 11:42-46
42. Но тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате.
43. Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!
44. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат и не ги знаат.”
45. Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нe навредуваш.”
46. Но Он рече: „Тешко и на вас закониците, што ги натоварувате луѓето со тешки бремиња за носење, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие бремиња.
Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Солунјаните 4:1-12

 

 

Со дедо Наум низ Евангелието
Monika Nikolova
Seoorntspda19i1a3uhh401g9f84857m7am0270116iu3f8356g082030ill ·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp...
Коментар на денешното евангелско четиво:

Naum3.Lit44    

        “Сѐ што читам во денешното евангелие многу ме потсетува на застранувањата на старозаветниот менталитет, на правење идол од словото на законот и на агресивноста кон автентичните носители на Духот, кон секој што не се вклопува во старото клише, а отвора нови видици. Ги славиме светителите без да го подражаваме нивниот свет живот; и полошо од тоа – поради нас и тие и Црквата им одмилуваат на луѓето. Светителите се слават вистински само со свет живот; слепото придржување кон празничните ритуали или е одбивно, или предизвикува страв и робовски однос, или наемнички однос. Црковните правила – или ги разводенуваме до непрепознатливост или ги држиме престрого, сѐ на штета на ближните.

             Духовните чеда треба да се раководат кон и да пораснат до целосно исполнување на правилата, но потоа треба да им се открие и просторот зад завесата на правилата – кон восиновувањето; оти, сега се движиме од „икона“ кон „вистина“ – не треба да се враќаме во „сенката“ на Стариот Завет, а уште помалку да правиме идоли.

             Секоја појава од православниот духовен живот е различна за секој од степените на духовниот развој; на пример, молитвата – голема е разликата меѓу таа на почетникот со таа на просветлениот. И за сѐ друго е исто, но ако не се стремиме кон духовно растење, ние правиме идол од тоа што сме и од тоа што сме го достигнале досега. Ги заземаме високите раководни места во Црквата, а патот не го покажуваме, го пречиме; затоа што патот води само преку нашето очистено и просветлено срце – тоа е клучот, како и преку срцето на оние што ги раководиме. И сета оваа погореопишана дволичност е квасот фарисејски од кој треба да се пазиме.“

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 11:47-54;12:1
47. Тешко вам, оти им ѕидате гробници на пророците, што ги убија вашите татковци;
48. со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници.
49. Затоа и Божјата премудрост рече: »Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат«;
50. за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51. од крвта на Авела па сe до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52. Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакаат да влезат им попречивте.”
53. А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за многу работи;
54. Го напаѓаа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат.
1. Меѓутоа, кога се насобраа илјадници народ – така што се газеа еден со друг, Он почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие.