Hristos.prekrasno72

Album Словото, преку дедо Наум
Monika Nikolova
osneoprtSdugf2f4u8tg6cahm78988h8i9lc410ag06777hli23910th1701 ·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp...
Коментар на денешното евангелско четиво:

"На првиот степен од нашиот духовен развој, чистење на срцето од развратните страсти, ние сме во постојана борба да го сопреме истекувањето и губење на благодатта од нас. Додека ги преобразуваме страстите, нашиот духовен живот е непостојан и често се случува духовно да паѓаме и да стануваме, но во тој процес ние учиме и како да ја задржиме благодатта во нас. Уште учиме како, и кога благодатта се крие од нас, да живееме исто како кога е таа присутна и кога нескриено ни помага.
             Дури на вториот степен – просветлувањето на умот, откога ќе го познаеме местото на срцето добивајќи го дарот на умно-срдечната молитва, ние внатре во нас го запознаваме непресушниот извор на Божјата благодат. И, бидејќи имаме вистински допир до Христос, престанува процесот на постојано губење на благодатта, исто како што кај крвоточивата жена престанало течењето на крвта. Тогаш ја добиваме онаа постојана радост и светлина.
                Тајната на Христовото воскресение ќе остане недостапна и неоткриена за сите оние што не го прифаќаат и што го негираат начинот на вистински допир до Христос, на тие што не го восогласуваат начинот на својот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаат; и ним, како на такви што се потсмеваат и не веруваат, ќе им биде забранет влезот и ќе пропуштат да го видат воскресението на душата и телото уште во овој свет и век, исто како што им се случи на оние што не го видоа воскресението на Јаировата ќерка.
            Посебно носи умиление делот од евангелското четиво во кое Богочовекот Христос го превенира очајанието на Јаир, како и многупати нашето: „Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и му рече: ’Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!‘        

             Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: ’Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!‘“

 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 8:41-56

41. И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов,
42. зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него.
43. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува,
44. пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ? престана крвотечението.
45. И рече Исус: „Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: »Кој се допре до Мене?«“
46. Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.”
47. Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.
48. А Он ? рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!”
49. Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!”
50. Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!”
51. А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката.
52. Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.”
53. И му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.
54. А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!”
55. И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ? дадат да јаде.
56. И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана.

19.11.2023