Hristos.prekrasno74

Со дедо Наум низ Евангелието
Monika Nikolova
Today at 08:07 ·
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp...
Коментар на денешното евангелско четиво:

    
          "Гледате, за разлика од нас кои и да сме просветлени, а не сме, можеме само да претпоставуваме и да нагаѓаме што, кога и каде ќе се случи, Богочовекот Христос точно знае што, кога и каде ќе се случи и за Себе и за сите останати – бидејќи и раководи со сѐ: „Во тој ден пристапија некои од фарисеите и Му рекоа: ’Излези и оди си одовде, оти Ирод сака да Те убие!‘ И им рече: ’Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам бесови, и лекувам денес и утре – и на третиот ден ќе свршам; но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не бива пророк да загине надвор од Ерусалим‘“.

       Човек, кој преку аскетско-исихастичкиот подвиг ќе успее да достигне просветление на својот ум, ќе си ја сочува умно-срдечната молитва и во часот на смртта – дарот од вечноста добиен во времето на овој живот, ќе нѐ испрати и ќе остане со нас и за во вечноста. Не е добро да го оставиме срцето пусто од овој Божји дар во времето што ни е дарувано за покајание и восовршување, ќе страдаме и во овој живот, ќе се измачуваме и во времето на смртта – додека ни текне или бидеме приморани да кажеме: „Благословен е Оној што иде во името Господово!“

 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 13:31-35
31. Во тој ден пристапија некои од фарисеите и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, оти Ирод сака да Те убие!”
32. И им рече: „Одете и кажете ? на таа лисица: еве, истерувам бесови, и лекувам денес и утре – и на третиот ден ќе свршам;
33. но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не бива пророк да загине надвор од Ерусалим.
34. Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе, колкупати сакав да ги соберам чедата свои, како квачка пилињата свои под крилја, но не сакавте.
35. И ете, домот ваш ќе ви се остави пуст. И Јас ви велам, дека нема да Ме видите сe дури не дојде времето да кажете: »Благословен е Оној што иде во името Господово!«“