Hristos.so.angelite

http://www.mpc.org.mk/pouka.asp...
Коментар на денешното евангелско четиво:


А кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение.“

        Овие Христови зборови, пред сѐ, се однесуваат за Неговото Второ Пришествие и неволјите кои во тоа време ќе ги доживееме, но се однесуваат и на нашето лично страдање, упокојување и излегување пред Престолот Божји. Господ Христос сака достоинствено да ги дочекаме тие случувања, како и личното излегување пред Него, за да ја посведочиме нашата вера во Него пред сите и да се прослави Името Негово и пред верните и пред ангелите Божји, а за пораз на демонските намери и евентуално покајание и преобраќање на неверните.

            Не е убаво и достојно за нас, христијаните, од некого или од нешто да се плашиме или криеме. Напротив, светителите копнееле да живеат во последните времиња. Кога ќе дојде часот, должни сме да Го исповедаме и посведочиме Оној што Го љубиме.

Ова четиво ме потсети на една вистинска случка. Неколку месеци пред смртта на своето духовно чедо, еден духовен отец му ги рекол следните зборови: „Слушај, монашкиот живот не го поминавме според примерот на Светите отци на Црквата, затоа ајде барем да се упокоиме како што ни доликува“.

            И духовното чедо изврши апсолутно послушание; и покрај болките, од неговите усни не се чу ни „зошто“, ни „оф“, ни „тешко ми е“, ни нешто слично, туку само „Ти благодарам, Господи, за сѐ“, како и „слава Тебе Господи“. Службата на погребот на тоа духовно чедо беше воскресна.“

 2023