СВЕШТЕНИКОТ НЕ МОЖЕ ДА ОДБИЕ! - Старец Пајсиј Светогорец„....

Инаку народот има непогрешлив критериум и ги препознава оние што станале свештеници од љубов кон Бога.
За разлика од нив има и такви кои сакаат да станат свештеници поради славољубие.Ако наидат на некоја тешкотија секогаш ќе се мачат. Христис нема да им помогне ако не се смират и ако не се покаат.Но, затоа, пак, на оној што свештеничкиот чин не го примил поттикнат од светски желби и потреби, Христос секогаш ќе му помага во неволјите.
Треба човекот да го туркаат, народот, Црквата, да сака тој да стане свештеник. Тогаш Христос ќе го покрива (со својата благодат) кога ќе биде во некоја неволја, неговите ближни ќе го поддржуваат и Бог ќе му помогне.Секако, вистинска реткост е, и малкумина се оние што го примаат свештеничкиот чин од корист. За нив не зборувам.Повеќето поаѓаат со добри помисли и со добро настроение. Меѓутоа, ѓаволот подоцна почнува да делува како натрапник и тогаш можеш да забележиш како кај свештеникот се појавува славољубие, страсна желба за што повисок чин и како сето она (поради коешто тргнал на тој пат) просто - го заборавил.Некои одат дотаму што почнуваат да ги искористуваат своите познати луѓе како посредници во нивниот избор за настојател , архиереј или нешто слично на тоа.Иако тргнале по тој пат заради Христа, продолжуваат да одат по него - заради злато...Имаат златни крстови, митри, панагии од дијаманати...и покрај сето тоа, сепак го немаат она што единствено е потребно.
Ете како може ѓаволот да не` прелаже, само ако не внимаваме!
...
- Старче што бара Бог од свештеникот, а што луѓето?Она што го бара Бог од свештеникот е многу големо;
затоа, остави го тоа. Сега ќе зборуваме само за тоа што бараат луѓето.
Некогаш свештениците се подвизувале, живееле добродетелен живот, биле свети и луѓето ги почитувале.Денес од свештеникот се очекуваат само две работи:
да не е среброљубив и во себе да има љубов.Кога луѓето ќе го препознаат ова кај еден свештеник го сметаат за светител, па поради тоа се врзуваат за Црквата; и така, врзувајќи се за Црквата се спасуваат.
Потоа Бог по своето снисходење го спасува и свештеникот. Секако, услов за тоа е свештеникот да ја чува чистотата.
......
....Свештеникот никогаш не може да ја затвори вратата на својата куќа. Тој има голема одговорност.Некој му дошол во очајание, некој друг е болен и нешто му треба, некој трет е на смртна постела;
некој треба да прими, некој сам да посети.Свештеникот не може да одбие!Човечките души се во неволја; им треба помош. Ако не им помогне па Бог ги земе присебе така несреќни кој ќе ја понесе одговорноста?
Нема ли свештеникот?Како монах, јас можам да ја затворам вратата од својата ќелија, да одам во пустиња, да исчезнам и преку молитвата незабележително да им помагам на луѓето.Зашто моја работа не е да ги решавам овосветските проблеми, туку тивко да изговорам некоја молитва за светот.
Не станав ни свештеник, ни духовник за да помагам на друг начин.Да сум свештеник во светот, никогаш не би можел да ја затворам вратаат од својата куќа.
Би требало секогаш, без размислувње да им одговорам на сите, за се` што ми бараат.Како прво, би требало да се погрижам за сите луѓе од мојата парохија, а после она што ќе преостане да им го дадам на сите кои од мене ќе побараат некоја помош.Би се интересирал не само за верниците, туку и за неверниците, за атеистите и за непријателите на Цrквата.

 

Извадок од книгата „Со болка и љубов кон современиот човек“ од Старец Пајсиј Светогорец.

 

Избор од фејсбук страната на: Мина Даниловска