Отец Клеопа раскажуваше:

„Додека бев искушеник, имав сликарски дар. Во сликањето икони ме обучи еден монах Нил од манастирот Секу. Откако го извежбав цртањето и сликањето со акварели, почнав со мрсни бои. Понекогаш игуменот доаѓаше во мојата ќелија, ме набљудуваше како сликам и тоа му се допаѓаше. Но, мене почнаа да ме искушуваат парите, бидејќи самиот си купував бои и сè што е потребно за сликање на светите икони.

 

Еднаш дојде отецот настојател кај мене и ме испитуваше:

„Која е цената на онаа икона?“

„Нема цена, преподобен!“ – му одговорив.

„Овде, брате Костика, да држиш добра цена, бидејќи е убава!“ – ме искушуваше старецот.

Кога видов дека треба да се пазарам со луѓето и да имам пари, се исплашив да не ме згазат гордоста и среброљубието. Потоа, еден ден кај мене во мојата ќелија дојде отец Киријак, иконом на скитот, и ми рече: „Брате Костика, остави го сликарството и ајде на послушание!“

Значи, оставив сè и бев пратен да ги пасам овците.

Така тогаш се избавив од два грева: од гордост и од среброљубие!“

 

Извадок од книгата „Пат на небо“, изд. на Повардарска епархија

 

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2018/09/26/kleopa-srebr/