Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието.

Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.

 

 

Бог нема постојано да ја праќа Својата благодат во срце кое не поставува ограда пред своите страсти ниту во ум којшто не покажува дека ги ограничува своите бесцелни скитања.

Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече.

Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече.

Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето.-

 

Старец Ефрем Филотејски