Image may contain: 1 person

„Затоа, многу е важно за сите вас што живеете во брак да се одрекувате од својата сопствена волја и да ја претпочитате волјата на другиот кога ќе има препирка, а препирките најчесто се за безначајни работи, знаете и самите. Откажи се од својата волја, нека биде волјата на другиот, сеедно дали на жената или на мажот (секогаш се смирува подуховниот и оној што љуби повеќе).

 

Кажи: „Нека биде ти како што сакаш“, и тогаш ќе добиеш благодат, и тогаш, иако можеби греши другиот, Бог ќе направи, поради твоето смирение и послушание, таа одлука да се одрази добро за целото семејство. А, човек што се препира и расправа и инсистира на својата волја и на своите желби, тој не е ништо друго туку горд. Затоа, никогаш не губиме ако сме послушни, туку секогаш сме победници, бидејќи оставаме простор за Божјата волја. Таква е чудотворната сила на послушанието.“

(Извадок)

 

 

7.Vselenski.sobor

15ти декември 2019 лето Господово