38.machenici1

НЕШТАТА КОИ ШТО ОСТАНАА НЕПИШАНИ
Автор: архим. Павел Пападопулос    


Обидете се да се ослободите од каква било зависност. Без оглед дали се нешта, лоши навики или луѓе. Само на овој начин ќе можете да се поврзете со Христос. Нема двосмислени решенија. Сè во животот е добро и благословено,но, не треба да постои причина да се став Христос во аголот, за во центарот на нашиот живот да ги ставиме сите останати работи.
Никој и ништо нема да ве спаси освен Христос. Тој е наше исполнување, преку Него доаѓаат мирот и спокојството, нашето усовршување како човечки суштества. Ако видите дека нешто ја загрозува вашата врска со Христос, одете си без двоумење, без да размислувате.

Прашањето не е за тоа што го пишуваме, туку главно за тоа што не го пишуваме затоа што се плашиме. Се плашиме дека ќе го прочитаат и разберат, дека ќе не изобличат, дека погрешно ќе не разберат, дека нема да ја видат длабочината на нашата болка, на нашата мисла, на нашето срце. Затоа претпочитаме да напишеме нешто полесно, поедноставно и подостапно, нешто плитко и банално. Како тогаш, кога ми кажа дека се плашиш да се изразиш, да го отвориш срцето за да не ме уплашиш,да не се уплашам од твојата љубов. И така, остануваме да пишуваме „поприбрано“, ставајќи фиока на нашата работна маса за сè што сакаме да споделиме, но се плашиме.Остануваме молчаливи и „прибрани“, задржувајќи го протокот на нашите чувства. Се изолираме  и се криеме затоа што не гледаме дека суштествува и  друго решение. Се плашиме дека ако се изразиме, другите нема да издржат. Имено,ова го прават некои широки и топли срца, кои претпочитаат да се покажат бедни и студени за да не ги стават другите во тешка позиција. Затоа ви велам дека, на крајот, работите што никогаш не беа напишани и оние што никогаш не беа кажани ја красат тишината на Рајот.


Ние не ги забележуваме нашите недостатоци и гревови, додека кај другите наоѓаме многу грешки.
Ако сакаме да имаме дури и малку надеж за спасение, да ги оставиме другите и да погледнеме во сопствената кал. Страшно демонизирање е да се сметаме себеси за супериорни во однос на другите, да сметаме дека сме подобри од нив. Големата идеја за нашето “јас”, големата почит кон она што го правиме, нè тера да гледаме на другите како на инфериорни во однос на нас и да им судиме остро, гледајќи ги само нивните недостатоци. Соодветно на тоа, ние во нас ги гледаме само добрите и убавите работи. Нема поголемо демонизирање од ова. Затоа мора да станеме строги судии кон нас самите, а не кон другите. Да станеме светило и да ги оставиме другите спокојни. Нема да се спасиме, бидејќи веројатно во некои работи сме биле подобри од некои луѓе. Ќе се спасиме затоа што живеевме смирено и тивко и се обидовме да му станеме утеха на нашиот брат, а не негов крст и пречка во животот.


Сите сакаме да играме, но не сакаме да загубиме. Сите сакаме да љубиме, но не сакаме да бидеме повредени. Сите сакаме да се спасиме, но не сакаме да бидеме пример. Но, кога играме, веројатно ќе изгубиме, кога сакаме, веројатно ќе бидеме повредени а кога сакаме да се спасиме,треба да поминеме “низ оган”. Не можеме само да победуваме. Не постои љубов без ниту една солза. Не може да има спасение без борба.


bogonosci.bg

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 


За Преминпортал Симеон Стефковски 

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Април 2021 лето Господово

 

 

 Друго:

Aleksandar.N.sv.Haralampij