TViTer67

Благата вест и „модерното христијанство“

Денес станува сè потешко да се слушне прашањето: „Господи, што да направам за да наследам живот вечен?“ , а уште потешко е да се слушне одговорот…
Не дека Евангелието не се проповеда насекаде во светот. Едноставно дојде време кога самите христијани “се уморија” да бидат христијани. За да се биде христијанин денес, доволно е да се биде добар син, сопруг и татко, граѓанин и даночен обврзник. За да си православен пак, доволно е да си Бугарин, Русин, Македонец или Грк. И обратно,за патриот  е пожелно да  бидеш православен христијанин. Во принцип, христијаните сакаат да бидат „како современиот свет - модерни“. Да имаат убави куќи и коли, банкарски сметки и среќа. Целта е да живеат без многу труд, вклучително и трудот на исполнување на Божјите заповеди.


Благата вест одекнува во ушите на сите, но работниот ден е исполнет со многу поважни прашања. Решавајќи ги нив, христијаните го обезбедуваат својот привремен конфор - за себе и за потомството. Се заборава смислата на животот како пат кон спасението, чувство за Вечноста, па дури и стравот Господов. Дијалогот со Бог се одложува, бидејќи желбата на „модерните“ срца е Тој, Христос, да не им попречува. Инаку, Неговото место на голем моралист и учител е запазено во конституциите на сите современи држави. Културата и уметноста се засноваат на идеи и дејствија земени од Неговиот живот и проповедање. Луѓето се слободни пред законот во Негово име и имаат граѓански права за кои се залагаат. Тие се борат за еден чист,радосен свет, без болести и исполнет со долговечност, богатство и мир, но без Него - Христос. Така се исполнуваат пророчките зборови на светиот апостол Павле: „Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки. “ (2. Тим. 4). : 3-4).

TViTer64
Дотука, под „модерни христијани“ не мислевме на некоја сатанистичка секта на богоборци, ни политичка организација или воен сојуз, дури ни на исламот. Станува збор за оние од нас кои, нарекувајќи се себеси христијани,сметаат дека општествената дејност на Црквата е прва и речиси единствена цел, дека монаштвото и мистиката се штетни, чудата се измислици, а таинствата се обични обреди. Свештениците се пагански свештеници и психолози кои заедно со јасновидците, шаманите и хороскопските знаци им помагаат на луѓето да постигнат среќен живот.
Денес, живеејќи со овие „модерни“ христијани, ние како семинаристи (написот е наменет за студентите на духовната семинарија ) мораме да запомниме дека Благата вест нè не повикува да ја достигнеме моќта во светот или да ги негираме неговите вредности. Таа не повикува, преку сопствениот живот и дела, да ги повикаме „современите“ христијани и философи, кои беа посрамени од Богородица, да посакаат во своите срца дијалог со Вистината-Христос, Вистина која сè уште им бега. Тогаш ќе можеме да проповедаме дека монаштвото е подвиг кон спасението, исихазмот - реален пат кон спасението, чудата - знаци од Бога за спасение, а таинствата - единствено средство за спасение кое се извршува од клирот на Црквата Христова. Така, зборовите Господови: „ Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“, ќе важат и за нас.
И како идни свештеници на Црквата Христова, слушајќи го прашањето што го поставуваат мирјаните пред нас: „Господи, што да направам за да наследам живот вечен“, ќе можеме да им одговориме во името Божјо: „Возљуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа, со сета своја сила, и со сиот свој ум, и својот ближен како себеси. Тогаш сигурно ќе го слушнеме Господовите зборови: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“ (Лука 10:28).

TViTer65

Димитар Попов – проф. по философија на Софиската духовна семинарија „Св. Јован Рилски“


Извор: Софиска духовна семинарија / hristianstvo.bg

За Преминпортал: Симеон Стефковски