
„На човекот му се неопходни две врски:
врската со Бога и врската со својот ближен.
Ако не ги негува овие две врски, на крајот почнува да живее со нивни замени. Се обидува да ја исполни празнината во својата душа со безброј други нешта.
На човекот му се неопходни две врски:
врската со Бога и врската со својот ближен.
Но, понекогаш од страв, понекогаш од рамнодушност, а понекогаш од себичност, не прави ништо за да ги одржи живи.
Гледаш, како и сè друго во животот, така и односите бараат труд. Не процветуваат сами од себе. Не се добиваат без вложување, без грижа и без љубов.
На човекот му се неопходни две врски:
врската со Бога и врската со својот ближен.
Оваа жед, оваа длабока копнеж по тие две врски започнува уште во утробата на мајката и не згаснува ниту за миг, сè додека човекот не ги затвори очите и не премине во вечноста.
На човекот му се неопходни две врски:
врската со Бога и врската со својот ближен.
Додека сè уште имаш време, погледни во своето срце.Побарај, и ако откриеш дека копнееш по овие две врски, почни уште денес да правиш нешто за нив.“—
Психолог Елефтериос Елефтеријадис
Подготви-Симеон Стефковски
Јули 2026