Толерантни кон човекот, но не и кон болеста

Интервју со јеромонах Димитриј Зографски за сајтот „Всемирното Православие"

Јеросхимонах Димитриј, секоја година Бугарската православна црква, а исто така и сите помесни православни цркви, изразуваат противење на новиот феномен „геј паради", но попусто.
- За жал, работите не се во рацете на Црквата, туку во рацете на секој еден од нас. Проблемот е што како целина отстапуваме од Бога. Така што тоа е избор, кој стои пред сите нас - дали ќе се упатиме кон вечноста или ќе започнеме да се поистоветуваме со таквите јавни изопачувања. Проблемот е, што во моментов тие изопачувања многу активно се проповедаат, вклучително, преку пропагандната дејностна на 18 делегати од разни земји. Веќе тие држави би требало да се понапредни од нас, и навистина економски тие се понапред од нас, но се гледа, дека во духовен однос и морал тие имаат отстапено многу подалеку од нас.

-    Вепат, дека да го прифатиш различниот е дело на толерантноста.
-    Прашањето е, дали таа разлика го убива другиот. Претставете си, дека ќе сретнете лепрозен и тој, наместо да бара начин да се исцели и да стане здрав и нормален, да ви рече: „Биди толерантен кон мојата болест". Значи, лепрозниот не бара да сме толерантни кон самиот него, туку кон неговата болест. Притоа тука станува збор токму за болест, која го убива човекот. Повторувам, дека ако пациентот во некоја болница го замоли лекарот да биде толерантен кон неговата болест, тој никогаш нема да биде излекуван. Можеме да бидеме толеранти кон човекот, но не и кон болеста. И не само да бидеме толерантни, туку и да го сакаме човекот. Ако, пак, го сакаме, тогаш треба да мудадеме можностда се излекува.

-    Според научниците-лекари хомосексуалноста е неизлечнива болест.
-    Прво, самите хомосексуалци не тврдат дека тоа е болест, туку дека било избор на живот. Второ, Светото Православие вели, дека човекот има волја да греши, но има и волја да не греши. Дури и човек да носи такви склоности во себе, тој може да се бори со нив. Односно, никој не е предодреден да биде хомосексуалец, туку секој има избор каков да биде. Ако немаше таков избор, тогаш бесмислени ќе беа зборовите на Господ, кој им ветува награда на праведниците, и казна на грешниците. Тогаш би значело дека сите се предодредени - едни за спасение, други за погибел, а тоа не е вистина - Господ му дава избор на секој човек.
-    Тие велат,„6ез нас, различните, сите ќе бидат еднакви", и го објавуваат ова на своите демонстрации.
-    Тоа е проблемот, што една болест не може и не треба да се рекламира. Ако еден блескав метален сад биде зафатен од 'рѓа, нормално е сопственикот одново да го исчисти, инаку тој ќе кородира и ќе се дупне. Зошто да се фалиме со својата 'рѓа? Истото е и со гревот и страста. Но уште поопасна е таа страст, која е противприродна.
-    Освен посланијата и проповедите, каков е другиот арсенал на Црквата против таа појава?

-    Човекот самиот треба да го направи својот избор за тоа, каков сака да биде. Треба да ги воспитуваме луѓето околу нас во здравото, христијанското. Но сега повторно доаѓа моментот, во кој, за жал, христијаните ќе се покажат малцинство. Ете, сакаат да протнат такви закони, та да не смееш слободно да ја изразиш својата нормалност, и можеби, како во древните времиња, пак ќе биде легализирано гонењето против оние, кои мислат на христијански начин. Истовремено активно се прифаќаат закони за слободно заедничко живеење без брачен сојуз; гејовите и нивните заедници сакаат сè поголеми слободи и гледате на која страна оди општеството како целина. Затоа е важно да ги спасиме барем оние, кои се околу нас - со личниот пример и збор. Најголема е одговорноста на оние, кои имаат достап до најмногу луѓе – министер - претседател, делегати, патријарх, митрополити. Но и секој од нас, православните, во својот тесен круг, може да биде еден мал апостол.

-    Заиштитниците на гејовите ја критикуваат Црквата, дека таа ги проповеда Христовите вредности, а некои манастири се претворени во дувло на развратот.
-    Манастирите се одраз да општеството и ако во самото општество има многу хомосексуалци, такви може да има и во некои од манастирите. Монашките обители не се само прибежиште на ангели, туку напротив - манастирите се сметани отсекогаш за болници, бидејќи во нив луѓето се лечат од своите страсти. Случајот со Тројанскиот манастир беше крајно непријатен и збунувачки, но ете, јас живеам 12 години на Света Гора, во Зографскиот манастир, и можам да посведочам дека таму нема хомосексуалци. Дури и да има луѓе, кои се склони кон хомосексуалност, тие, сепак, се борат со таа склоност, се исповедаат и не го извршуваат самиот грев. Како што болниот сака да се излекува, така е и со страста - треба да се бориш со неа, додека таа да се излекува.
-    Има ли рецепт, лек, молитва?


-    Свети Григориј Богослов вели, дека слично на другите блудни страсти, и кон лечењето на таа противприродна страст треба да се пристапува исклучително сериозно, пред сè со јасна свест за духовната пропаст, до која човекот стигнал, ако тргне според неа. Човекот треба да има решителност да се избори со таа страст. Затоа е најважно во секоја духовна борба – човекот да разбере, дека всушност е исправен пред избор за живот или смрт. И да не се согласува со она што му го сугерираат лошите помисли, и да не си мисли, дека гревот е речиси неизбежен.
Тоа е една духовна борба, која можеби е напорна, но е во рацете на верникот, кој искрено го повикува Бога, за да добие спасение. Бог од никого не се одвраќа, туку ја прима молитвата на секој човек! Токму поради тоа надежта на човекот треба да е во Бога! Бидејќи само Он е Тој, Кој може во еден миг да ја излекува и спаси секоја ранета душа.

Извор: Амвон