Sv.GORA.jpg
Света Гора една од најголемите тврдини на Православието. Што е тоа што го прави нејзиното влијание толку силно и долговечно?

- Света Гора веќе 1500 години ја чува православната вера и православниот живот. Православието и како вера и како живот секогаш е богочовекоцентрично. За центар го има Богочовекот , а не посебно одвоениот човек, кој се поставува себеси за центар на светот. Тој одвоен човек не го познава смирението, покајанието, молитвата. Спротивно од тоа, на Света Гора кај монасите е присутно покајанието, смирението, молитвата, светотаинскиот живот. Овие доблести ја привлекуваат благодатта Божја и поради тоа Света Гора зрачи со боженствената благодат преку своите монаси кои имаат смирение и покајание.

 Што е тоа што ги привлекува младите и образовани луѓе да пријдат кон монаштвото?

- Човекот е пред се „битие богословско“ или како што говори Свети Григориј Богослов: „Битие со божјиот миг обожено“. Но човекот не може да биде задоволен додека не се сретне и не се соедини со својот Прволик –Христос. Жедта на христијанинот за боженствената љубов и за оживување на заедницата со Бога, прави така што некои имаат потреба за монашки живот. Посебно младите луѓе, Христијани (повеќе или помалку образовани) се тие кои бараат во монаштвото да ја живеат заедницата на љубов со Бога.

Старче колку е чувствително  присуството на Богородица но и на светителите(н.пр. на Свети Николај) во секојдневниот манастирски живот?

Животот на христијанинот и монахот е секогаш „со сите свети“, заедница со живиот Бог, со Мајката Божја, Пресветата наша Богородица, и со светителите Божји. На Света Гора монахот ја доживува оваа задница интензивно и секојдневно. Монахот разговара со Христос а се случува и непрестано, и тоа со умносрдечната молитва „Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј ме грешниот“, исто така и со Пресветата Богородица бидејки повеќе пати во текот на 24 часа се пеат посебни служби за Богородица (молебни канони) и се читаат Акатисти.
   Секојдневните служби кои се пеат на светителите, читање списи и житија на светителите во трпезарија, фреските и иконите кои ги красат храмовите и трпезариите на свештените манастири, сето тоа помага да се доживее тајната на Црквата како тајна на богочовечката „заедница на Светите“.
 

- Дали е загрозен монашкиот живот на светогорските монаси поради бројноста на поклониците, како и од разните обнови кои се вршат во светите манастири?  Дали забележувате некоја опасност од секуларизација?

Постои навистина опасност да се загрози тихувателскиот (исихастички) живот на монасите. Меѓутоа, бидејќи монасите не го прекинуваат својот труд со повеќечасовни деноноќни свештени служби и боженствени Литургии, ниту пак го оставаат своето секојдневно молитвено правило, оваа опасност се сведува на минимум.


-Кога би се наоѓале пред група млади луѓе, на што би им обрнале внимание да пазат во својот живот и што да настојуваат да здобијат?
Би им ја кажал поговорката на древниот Отец на црквата “ Имај љубаов и прави што сакаш“. Ако имаш љубов нема да сториш ништо што ќе го ожалости и Бог и луѓето . Всушност, сите заповеди Христови, се содржат во заповеддта на љубовта. Вистинската слобода е слободата на љубовта, а не слободата на егоизмот. Вистински сум слободен кога го правам она што љубовта ми го бара, а не кога го правам тоа што ми го наметнуваат егоизмот и моите страсти.


-Ние кои сме членови на црквата кога треба да говориме а кога да молчиме?
- Ова е едно сериозно прашање за кое треба да се праша својот духовник. Според светите отци најголема добродетел е расудувањето. Таа не упатува кога и што треба да се каже. Расудувањето е дар на Светиот Дух и им се дава на совршените и најзрелите верници.


- Послушноста, оваа голема добродетел, дали се однесува само на монасите или и на луѓето кои се во светот?  Кому треба да се биде послушен?

Послушноста е патот на спасението и на совршенството за сите Христијани. На Св.Гора велат: „Ако си угодил на својот брат, си угодил на Бог  твојот Господ“. Св. Козма Етолски   не ги советува  само жените да ги слушаат своите мажи  туку и мажите да ги слушаат своите  жени тогаш кога не ги советуваат спротивно од волјата Божја. Со послушноста го победуваме нашиот  егоизам и со неа можеме да го надминеме нашето  самољубие и да се здобиеме со богољубие и братољубие и така да станеме луѓе Божји.


-Ви благодариме за оваа  голема чест  што говоревте за нашиот часопис. Завршувајќи кажете ни еден зброр како благослов за влез во новата 2009 година.
И јас се заблагодарувам и го завршувам ова кратко интервју со желба на читателите на вашето списание да станеме сите „луѓе Божји“ .


 Извор: Интервју со арх. Георгиј Капанис, игумен на свештениот манастир Преподобен Григориј - „За сведоштвата и пораките на Света Гора за современиот свет“ , Православие

Подготви: Сузана Стефановска

{moshits}