TVIT242

TVIT281

Пред неколку години, кога водев контактна емисија на тв, за 8 Март имавме пригодна тема "Што добија, а што изгубија жените со еманципацијата?". Се јавува гледач, од редовните:

"Алооо, госпоѓооо (со тон 'нискоградба Битола').

Добар ден, X (ги познавам по глас). Повелете.

- Госпоѓооо, знаете што добивте? Фрустрации, госпоѓо, фрустрации. Порано бевте госпоѓи, ве зимавме, враќавме, дома во 3, ручек. Ќе одморевте, кафе со комшиВката, фризер и слично. Сега сами возите, сВе некаде идете, сВе нешто се м'кнете и сВе сте бе нешто нервозни. Затоа, госпоѓо, фрустрации. Тоа добивте.
Фала многу и пријатно! И ај, среќен 8 Март!"

Да е жив и здрав Х, уште е активен по телевизиите. Поубава честитка, а и полуцидна анализа не сум чула;)
Фала многу и пријатно!

 

ФБ профил на Aleksandra Jurukovska