manastir.Halkidiki8.jpg
Бидејќи поедини личности ќе запрашаат: зошто Бог допушта да се мачат во искушенија, клевети и друго, праведните луѓе како човекот Божји хаџи Георгиј, кој имал чиста душа уште како мало дете, сметав за добро да го напишам она што го чувствувам.
 Се разбира, судовите Божји се недостижни, но по мое мислење, едно од нивните можни значења, може да биде и ова. Кога Бог не би ги допуштил клеветите  на поедините праведници, како би можеле да се оправдаат поедини виновници, кои не можат да ја поднесат одговорноста од егоизмот? Земјата им е тесна, а демоните само бараат погодно време да ги фрлат во очај, да си наштетат себеси и да го достигнат пеколот.
 Меѓутоа, да не би настрадала некоја слаба душа, големата љубов Божја дозволува да бидат неправедно осудени и клеветени и праведници, за да на крајот се покаже вистината.
 Тоа ни помага и нам да секогаш имаме добри помисли, па кога се зборува за некое зло на нашиот ближен, да се запрашаме: „ Можеби е клевета?“ Тогаш се тешат и виновниците, полека почнуваат да ја чувствуваат својата вина и ако имаат добро настроение, изобличувани од својата совест – се поправаат. Со други зборови,  понекогаш Бог го олеснува товарот на слабите виновници со клеветење на силните праведници.
 Се разбира, на оние на кои што им е сторена неправда, тие се највозљубените деца Божји. Тие сами, по мое мислење,  веруваат дека доколку и нив ги напушти Божјата благодат, и тие би биле такви виновници, дури и би се нашле во затвор, каде што би ги гризела совеста. Оние кои што неправедно страдаат го имаат во своите срца Христа на Кого што Му е сторена неправда, и затоа се радуваат во своето прогонство и во затворот како во Рајот, бидејќи каде е Христос таму е Рајот.
 Праведниците, со својата возвишена љубов прилежно се трудат во својата куќа, во Црквата Христова, бидејќи се деца Божји и не очекуваат небесна награда на основа на добрата кои што им ги направиле на своите ближни.
 Ако човекот добро би ја испитал душевната корист и внатрешната радост која што се чувствува во овој живот од едно мало добро сторено на нашиот ближен, би го молел да го прими ( тоа добро) и уште би му бил благодарен. Бидејќи преобразбата која што ја чувствува душата и радоста што ја чувствува срцето на милостивиот човек, дури и од едно парче леб доделени на еден сиромав, не може да му го пружи ни најголемиот кардиолог, макар и да му плати со вреќа пари. Како што таквата радост, исто така, ја чувствуваат душите на ревносните христијани кои бдејат, се молат и постат, а сето тоа не может да го поимаат оние кои јадат што сакаат, пијат вино и други освежувачки пијалоци.
 И како што веќе реков, децата Божји не работат заради небесната плата, ниту заради духовната радост на овој живот; тие не добиваат плата од Отецот, бидејќи се што е на Отецот е и нивно. Друго е прашањето кои божествени дарови Бог, како добар Отец, ќе им ги дарува и во овој живот и во вечноста.
 Оние кои се трудат за плата се наемници; оние кои што го одбегнуваат гревот за да не бидат осудени тоа го прават исто така заради свои интереси. И тоа е добро, но не е благородно;  после толку голема жртва која што ја поднесе Христос за да не спаси.

 Таков вид на љубов спрема Христа чувствувале светите Отци на нашата Црква, но за жал, многу од нас имаат ефтина љубов, бидејќи таквата љубов оди до границата до каде што не подлежи на осуда. Таквата љубов е испреплетена со неверие. Односно, ќе ги вкусиме работите на овој свет до границата до која нема да бидеме осудени во овој живот, но да не бидеме лишени од Рајот.
 Ако Христос би не рекол: Деца мои, Рајот се наполни, и немам место да ве примам, поедини од нас дрско би му рекле на Христа: Зошто тоа порано не ни го кажа? Други би побрзале, не чекајќи ни малку, да грабнат уште некоја минута да се развеселат, не сакајќи ни да чујат за Христа.
 Меѓутоа, верните деца Христови би Му рекле со набожност: Не се жалости ни малку за нас, само нека Рајот е наполнет, тоа нас ни причинува голема радост, како и ние да се наоѓаме во него. И би наставиле и понатаму со своите усрдни подвизи со радост како и порано, поради Оној кого што Го возљубиле со чиста љубов. А Христос Кој што сиот е Љубов, ќе се нагости во нивните чисти срца, како што се нагостил во чистото тело  на Чистата Дева.
 Вакви случаеви, каков што е случајот со хаџи Георгиј, во кои што Бог дозволува да страдаат праведниците, силни по дух, да го кренат товарот на слабите виновници и така да помогнат на своите ближни, се разбира, ретки се. Баш за такви случаеви, можеме да кажеме дека се по Божјо допуштање, но не и тогаш кога самите даваме повод за искушение, отстапувајќи му простор на лукавиот. Тогаш стапува на сила духовниот закон бидејќи секој кој себеси се возвишува ќе се понизи (Лука 18, 14).
 По мое мислење духовниот закон дејствува на следниот начин:
 Колку повеќе отфрлуваме некоја работа, со толку поголема брзина таа паѓа, привлечена од земјината тежа и се распрснува ( законот на физиката). Колку некој се воздигнува, сразмерно со висината на неговата гордост ќе биде и неговиот духовен пад. Единствено доколку неговата гордостја поминала човечката мерка и ја дотигнала демонската – тогаш не подлежат на духовниот закон во овој живот, туку важи она апостолското: А злите луѓе и опсенарите, ќе напредуваат од злото нагоре, лажејќи и лажејќи се (2Тим. 3, 13). Меѓутоа, доколку човекот веднаш ја сфати величината на својата гордост и смирено побара прошка од Бога, веднаш милостивите раце Божји радосно го примаат и нежно го спуштаат, така да неговиот пад не биде видлив, бидејќи претходела срдечна скрушеност и покајание кое што го пројавил.
 Истото се случува и со оној кој што посегнал по нож: кога искрено, со болка ќе се покае, добриот Бог не допушта да му биде возвратено со нож овде, бидејќи срцето на покајаниот човек страда. Тогаш Бог, како нежен Отец му става балсам на болното срце, Својата Божја утеха.
 Ако пак, самиот човек кој што погрешил упорно бара од Бога да биде казнен во овој живот за својот престап, а Бог како добар му опростил и го ослободил од духовните закони, Он му ја исполнува таа усрдна молба, но и му подготвува неовенлив венец небесен.
 

Исто така, оној кој ги исполнува заповедите Божји,  а како дар од Бога бара да биде осуден за гревовите на своите ближни или да ја земе на себе болеста на својот ближен, станува роднина на Христа, Кој што бива многу допрен од оваа возвишена љубов на Своето дете.
 Покрај тоа што Бог му дава благодат да ги зема гревовите на другите врз себе, Он допушта и искушенија во неговиот живот, по неговата усрдна молба. Во исто време му подготвува и дијамантски венец на Маченик, бидејќи многу луѓе го осудуваат на основа на својот суд – гледајќи на она надворешно, мислејќе деа Бог го казнува заради своите гревови, додека тој целиот станал како молња од љубов кон ближните, како подржувач на Христа.

 Меѓу недостижните судови Божји го наоѓаме и овој, сличен на оние кои ги среќаваме кај Пророците и Светите, како и кај ијлада други примери, и што е чудно, и Самиот Бог се менува, кога се менува човекот.
 Понатаму, духовните закони се разликуваат од природните,  бидејќи духовниот закон подразбира сострадалност, и човекот тука има работа со својот Создател, многусожалливиот Бог.
 Кога, немирното дете изобличувано од својата совест дојде на себе, тогаш неговиот Отец со љубов го милува и теши. Отецот своите деца ги воспитува од љубов, со цел да дојдат на себе си  и му пријдат поблизу, а не од злоба; ниту пак е покренат на тоа од законската праведност, туку од божествената доброта, заради доброто на своите деца, да би се спасиле и би го наследиле Неговото небесно наследство.

+++

Добриот Бог нека ги упокои и душите на сите побожни старци кои во своето чисто сеќавање ги сочувале многуте работи поврзани за подвижничкиот живот на преподобниот Отец, а чиишто очи солзеа дури го изговараа името на хаџи Георгиј.
 Исто така, нека Бог ги упокои и душите на сите побожни Грци и Руси, поклоници кои и самите сочувале белешки за преподобниот Отец, кои усрдно водеа добра војна во бавчата на Пресвета Богородица, а кои тогаш во своите христијански  часописи ги објавувале нивните духовни херојски подвизи, заради корист на верните.
 Христос нека ги награди и сите побожни кои помалку или повеќе, на свој начин помогнаа, како јеромонах Антониј Каруљски и други кои ми дадоа многу податоци на руски и со голем интерес го преведоа сето тоа: ѓакон Филотеј Григоријатски и господин Јован Парнанидис со своите помошници, господин Каруља.
 Исто така, и сестрите од манастирот Свети Јован Богослов, во Суротија, кои и во оваа моја книга ги исправија правописните грешки.
 Молам прошка од сите побожни читатели за сите недостатоци во мојата книга. Молете се да со посредништво на преподобниот Георгиј се поправат сите мои духовни правописни грешки, да би се спасил. Амин.

Подготви: Даниел Илиевски

Vinjeta.zakniga1.jpg

 

 

 

 

 

Друго: