Следна дестинација на МПЦ Московската архиепископија

 Билјана Ставрова
08.03.2007
Московската архиепископија е следната дестинација на македонската црковна делегација.

Точниот датум на посетата се уште не потврден, но извесно е дека таму македонските владици ќе бидат примени од митрополитот Кирил, задолжен од патријархот Алексеј Втори, за надворешни работи на РПЦ.

Повторно, ниту еден од помладите владици, членовите на синодот, се согласиле во Москва пораките од МПЦ да ги пренесат владиците Тимотеј, Агатангел и Петар.

„Во исто време ќе бидат побарани приеми да се посетат Атинската архиепископија и Романската и Бугарската православна црква“, изјави Тимотеј, портпарол на МПЦ.

Писмото за прием во Атинската архиепископија ќе биде испратено следната недела. Дали и таму поглаварот Христодулос ќе назначи некој од своите задолжени за црковната дипломатија, или лично тој, по четири години ќе седне на маса со македонската делегација, засега е неизвесно.

На денешната синодска седница посетата во Цариград е оценета како позитивна, донесен е и заклучок дека треба да се продолжи со офанзивната црковна дипломатија.
 

ПРОДОЛЖУВА ЦРКОВНАТА ДИПЛОМАТИЈА

МПЦ лета

За најавените средби во Атина, Софија и Букурешт, синодот на МПЦ од следната недела ќе испрати протоколарни писма во кои ќе ја објасни причината поради која бара средби со овие помесни православни цркви.

Владиците г. Петар, г. Тимотеј и г. Агатангел, најверојатно кон крајот на месецот ќе заминат на средба со Руската православна црква. МПЦ се уште нема официјална потврда за терминот кога ќе ја посети Московската патријаршија, но има потврда дека македонската црковна делегација ќе биде примена од Смоленскиот и калниградски митрополит, г Кирил, кој е претседател на одделот од Московската патријаршија задолжена за соработка со православните цркви.

Паралелно со посетата на Москва, МПЦ вчера одлучила да испрати барање за средби и со Атинската Архиепископија, Романската Патријаршија и со Бугарската православна црква.
 
-Синодот на МПЦ ја оцени како позитивна неодамнешната средба со Веленскиот патријарх, Вартоломеј и од тие причини одлучи да продолжи со посетите на православните центри. Ние бараме да не примат на највисоко ниво и во Атина, но не сме во позиција да условуваме. Ако одлучат да не примат, ние ќе одредиме наша делегација, изјави портпаролот на САС на МПЦ, по вчерашната синодска седница.

За најавените средби во Атина, Софија и Букурешт, синодот на МПЦ од следната недела ќе испрати протоколарни писма во кои ќе ја објасни причината поради која бара средби со овие помесни православни цркви.
Од сите овие најавени посети најинтересна е онаа за средба со Атинскиот архиепископ Христодул. Доколку таква средба се случи таа ќе биде прва по повеќе години за која се информирани медиумите.

Портпаролот, владиката г. Тимотеј вели дека досега имале неколку средби со Грчката православна црква, но далеку од очите на јавноста. Последен пат тоа било пред повеќе од три години во Солун со Атинскиот Архиепископ, Христодул и неколку митрополити. Средба претходно имало и во седиштето на Атинската Архиепископија, но и на граничниот премин кај Битола. Но за сите овие средби не била известена јавноста.


МОЛИТВИ ЗА ЈОХАН И ЗА ЉУБЕ
 
Непосредно пред почетокот на судењето на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски во судот во хаг, МПЦ во сите храмови ќе служи молитвени литургии за двајцата македонски граѓани. Ваква одлука донел Синодот на МПЦ на вчерашната седница, а на предлог од преспанско пелагонискиот митрополит, г. Петар. Молитвените литургии ќе се служат и за време додека трае судењето.

-Ги задолживме сите свештенослужители во соборните храмови на МПЦ да се одржи молитвена поддршка за што е можно поправеден судски процес за двајцата македонски граѓани, изјави портпаролот на САС на МПЦ, г.Тимотеј.
МПЦ е подготвена доколку Јохан и Љубе побараат македонски владика да ги посети, тие да испратат свој претставник и во Хаг.


Марјан Николовски