3.angeli.so.truba

МИКРОБИОЛОГИЈА– ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО ИСТА ЛАЖИЦА


3.angeli.so.truba   „Со страв Божји, вера и љубов пристапете!“ – возгласува свештеникот или ѓаконот, изнесувајќи го од олтарот на амвонот Путирот со Светите Дарови.
   Православните верници се причестуваат. И некој задолжително ќе се обиде да ја прими честицата од Телото Христово, натопена    со        Христовата Крв, само со забите, обидувајќи се да не се допре со усните до лажичката. Секој свештеник се соочува со оваа појава  на гадење. Луѓето се плашат од зараза и вируси.
   Причестувањето на сите со една Лажица од еден Путир (Чаша) е древна практика на Православната Црква. И таа практика, денес кај многумина православни христијани предизвикува одбивност, бидејќи е нехигиенска. Микроби, вируси, некој кива, некој кашла, некој може да има сида, а истиот воопшто да не знае за тоа. Или знае.
  Од таа причина некои членови на Црквата Христова не пристапуваат кон Светата Причест, за која сведочи Самиот Господ: „А Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден (Јован 6, 53-54).“
  Се појавува една деликатна ситуација, кога христијаните го избегнуваат вечниот живот, плашејќи се да не се заразат со опасна инфекција и да го изгубат времениот земен живот. Навистина, да Му се довериме на Бога е многу сложно, кога станува збор за сопственото здравје, а уште повеќе за животот. Верата во Бога содржи во себе не само увереност во Неговото постоење, но и целосна доверба во Него. А тука помеѓу човекот и Бога се појавува микробиологијата. Во секој случај, таа е наука.

Bogorodica.Hristos.vo.putir

  Јас често имав можност да слушам обвинувања по ова прашање, кои се повикуваа на науката. Особено од лекарите, бидејќи последните десет години служам во болница (сум болнички свештеник). Со сите нивни теоретски аргументи јас во целост се согласувам, бидејќи микробиологијата и вирусологијата ги имам изучувано повеќе од било кој од нив: две години во медицинска Академија и плус една година при државниот универзитет на Факултетот по Биологија. Не се согласувам само со практичните заклучоци, кои, иако не би требало да бидат во судир со беспрекорната теорија, сепак тие не се во согласност.
   Јас им предлагам на моите соговорници да помислат на тоа, дека последен од сите, кој со своите усни се допира до Лажицата и Путирот, е свештенослужителот. Ѓаконот или свештеникот. Тој е обврзан „да ја употреби Причесната“ после причестувањето на сите. Тој процес можат да го видат сите верници, а најпогоден момент за тоа е – после заамвоната молитва. Царските Двери (врати) се отворени, на певницата се пее 33-от псалм, свештенослушителот стои до жртвеникот, и ја употребува причесната од Светиот Путир.
   Во конкретниов случај, ѓаконот или свештеникот  се –  живи показатели и носители на статистиката за распространување на инфекции преку општењето со Чашата и Лажицата.
   Микроби и вируси навистина има во било кој храм. Според сите правила, утврдени од науката, свештенството треба да се издвојува од редот на здравите луѓе, како покосено од зараза и во голем број да се наоѓа во инфективните болници. И да имаат пократок живот.
   Но фактот е во тоа, што тоа не се случува ни сега, такво нешто немало ни до револуцијата, дури ни во VII век, кога Лажицата влегла во употреба во Византискиот богослужбен обред.
  Се поставува прашањето зошто науката не функционира? Можеби лекарите и биолозите  направиле грешка? Колку многу истражувања биле направени, колку многу дисертации биле напишани, а исто тука ќе ги спомнам и многубројните клинички истржувања…

3.angeli.so.truba


Не ставајќи го под сомнеж авторитетот на почитуваната од мене микробиологија, сакам да кажам, дека одговорот на ова тешко прашање не лежи во областа на знаењето, туку во областа на верата на човекот, кој како христијанин, се доверува себеси на својот Творец и Спасител.
А таму каде што дејствува Бог, таму, како што јас верувам, „се победуваат природните закони“.


Протоереј Сергеј Адодин
 Извор: http://www.pravoslavie.ru/101843.html

 

Преземено од фб профил на

 
 
Друго: