лого

TVITer52

Свети Јован Кронштадски

Како секојдневно да го распоредиме времето

 

Во се и во секое време угодувај Му на Бога и размислувај за спасение на својата душа од гревот и од ѓаволот, размислувај како Бог да ја усвои твојата душа. Ако си станал од постела, прекрсти се и кажи: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух" и „Господи, удостој ме овој ден да се запазам од секаков грев и научи ме да ја творам волјата Твоја“. Кога ќе се измиеш, во куќата или во купатилото, кажи: „ Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег” (Не 50, 7). Кога облекуваш чисти алишта, размислувај за чистата на срцето и барај чисто срце од Господа: „Создај чисто срце во мене, Боже“; ако си сошил нова облека и ако ја облекуваш, помисли на обновување на духот и кажи: „И нов и прав дух стави во мене, Господи “ ( По 50, 10); ако со омаловажување ја одложуваш старата облека, со уште поголемо омаловажување помисли на одложување на стариот човек, грешен, страсен и телесен; ако вкусиш леб или слатки, помисли на вистинскиот леб кој на душите им дава вечен живот на Телото и Крвта Христова, и биди гладен за тој леб, т.е. посакувај почесто со него да се причестуваш; ако пиеш вода или чај, со мед или слатки, или некое друго пиење, помисли на вистинското пиење кое ја гаси жедта на душата разгорена од страстите на пречистага и животворната Крв на Спасителот; до колку се одмараш во текот на денот, помисли на вечната почивка за оние кои тука се борат со гревот, со духовите на злобата на поднебесјето, со човечките неправди, со незнаењето и со човечката грубост; кога ноќе ќе појдеш да спиеш, помисли за смртниот сон, кој порано или подоцна, задолжително ќе ни пристапи на сите нас, и на онаа мрачна, ужасна, вечна ноќ во која ќе бидат фрлени сите непокајани грешници; кога го дочекуваш денот, помисли на незалезниот, вечен, пресветол ден, многу посветол од овој наш сончев ден на вечниот ден во Царството Небесно, во кое ќе се радуваат сите кои Му угодиле на Бога или од се срце се покајале пред Бога во овој привремен живот; ако некаде одиш, мисли за правината на духовното чекорење пред лицето Божјо и зборувај: „ Управувај ги стапките мои според Твоето слава и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие “ (Пс. 118,133).

До колку нешто работиш, обиди се тоа дело да го извршуваш со мисла за Бога Творецот Кој се создал со бесконечна премудрост, со Својата добрина, Својата семоќ, Кој и тебе те створил по својот образ и подобие. Ако добиеш или поседуваш пари или некое богатство, помисли дека нашето неисцрпно богатство, од кое потекнуваат сите богатства на душата и телото, нашиот Извор од кој непрекинато истекуваат сите богатства е Бог, а тогаш заблагодари Му од се срце и не го заклучувај своето богатство кај себе, за да не си го заклучиш и влезот во твоето срце за непроценливото и живо богатство за Бога. Напротив, од своето богатство подели на оние на кои им е потребно, на своите сиромашни браќа, бидејќи тие и се оставени во овој живот, за ти, на нив, да би можел да ја докажеш својата љубов и својата благодарност на Бога и за тоа да се удостоиш во вечноста од Бога за добиеш награда.

Погледнеш ли бел, сребрен сјај, т.е. сребро, не измамувај се со него, туку помисли дека и твојата душа треба да биде бела и да заблеска со делата Христови. Ако пак видиш златен сјај или злато, не измамувај се од него, туку помисли си дека твојата душа треба да стане како со оган исчистено злато и дека Господ сака и тебе самиот да те просветли како сонце во вечното, светло Царство на Својот Отец, помисли си дека ќе го видиш вечното, незалезно Сонце на правдата, Бог во Трите Ипостаси, Пресветата Владичица Богородица и сите небесни сили, и свети луѓе, исполнети со неискажлива светлина, како блескаат со излевање на светлина.

 

Продолжува


14ти август 2021 лето Господово

Извор: Добротољубие

 

Друго:

TVITer2

sv.Jovan.Kronshtatski

 

 

Извор

TVITer270

П.П.2020-08-14 02:04:06

14ти јавгуст 2021 лето Господово