3.angeli.so.truba

Дете мое, ќе дојдат денови кога љубовта кон Бога во многу души ќе олади и голема тага ќе дојде во светот. Еден народ ќе се крене на друг. Луѓето ќе се селат од своето место.


Владетелите ќе бидат збунети. Свештенството ќе се наоѓа во анархија, и монасите ќе бидат немарни. Великодостојниците во Црквата ќе го сметаат за некорисно, сето она што е во врска со спасението, како своите души, така и душите кои што ќе им бидат доверени, и ќе презираат било каква грижа. Сите ќе покажуваат ревност и енергија за се што е во врска за масата за јадење и за својот стомак. Ќе бидат мрзливи во своите молитви и повремено ќе критикуваат. Што се однесува до животот и учењето на Светите Отци, нема да ги интересира да ги подржуваат, дури нема да сакаат ниту да слушаат за нив. Порадо ќе се жалат и ќе говорат: ако живеевме во нивно време, тогаш така ќе живеевме. И епископите ќе ја пропуштат силата на овој свет, и ќе даваат одговор на различни прашања само кога ќе добијат подарок од сите страни. Правата нема да бидат заштитени. Тие ќе ги жалостат вдовиците и ќе ги мачат сираците. Развратот ќе завладее кај овие луѓе. Повеќемината нема да веруваат во Бога, ќе се мразат еден со друг, како ѕверови ќе се јадат. Ќе крадат еден од друг, ќе бидат пијаници и ќе одат како слепци.
Ученикот повторно праша: Во тие времиња, што можеме да направиме?


Авва Памво одговори:

Дете мое, во тие времиња, кој ќе си ја спасе душата

и кој ќе ги потикнува другите кон спасение,

ќе биде наречен голем во Царството Небесно.

 

 

Избор од фб профил на

Оливера Соколова Македонска