Христовото Крштение – израз на Неговото крајно смирение

3.angeli.so.truba
 
Дојдете да го празнуваме Светото Богојавление, духовно созерцавајќи го претстојното спасително собитие, кога нашиот смирен Господ ќе се потопи во водите Јордански и ќе ја приклони главата за од Својот слуга и Крстител, Светиот Јован, да прими крштение, навестувајќи го нашето очистување од гревовите. И во срцето бескрајно да се радуваме на оваа неизмерна милост Господова која ги одврза небесата, одврзувајќи ги сите сили на нашата природа за да Го примиме Бога Кој ни се открива и да се насладиме со Него. „Ние сме потопени во мракот на гревот, но Он е изобилна Светлина. Ние сме поразени со немир и разединетост меѓу себе и со небото, но Он ни дава животворно помирување. Ние сме истоштени и бессилни, но ете пред нас стои Он неисцрпниот Источник на сите сили. И како што после ноќната темнина сета твар брза со стремеж да го улови првиот зрак на сонцето што изгрева, така и ние насочувајќи го својот духовен поглед кон спасителното Богојавление, жедно ги примаме од Него зраците на божествениот Домострој на нашето спасение што ги испушта Милостивиот Бог Слово“ (Св. Теофан Затворник).
 
3.angeli.so.truba

Благиот Господ, сакајќи да го исполни делото на спасението, денес на светот, во Својата троичност, Му се објавува и во Јорданските води влегува, за да му ја одземе силата на оној коjшто ја повреди човечката природа. Нашиот Христос се бори, за ние венци да примиме; Он војува против ѓаволот, а ние ја носиме победата над ѓаволот; Он главата на змијата ја смачкува во водата, а ние како законски страдалници сме крунисани; Он се крштева, а ние скверноста ја симнуваме од себе; на Него слегува Светиот Дух, а нам ни се дава простување на гревовите; за Него сведочи Отецот дека Му е возљубен Син, а ние стануваме синови Божји заради Него; Нему небесата Му се отвораат, а ние влегуваме во нив; Му се јавува вишното Царство на Оној што се крштева, а ние Го наследуваме; гласот на Отецот беше за Него, а нас нè повикува; Он Му е по волја, а нас нѐ прегрнува (Свети Јован Златоуст).

3.angeli.so.truba 
3.angeli.so.trubaЈас треба од Тебе да бидам крстен,

а Ти при мене ли – доаѓаш?“ (Матеј 3,14).

Кој видел Владика да стои пред слуга?

Кој видел Цар да приклони глава пред Својот војник?

Кој видел Пастир да биде воден од Својата овца?

Кој видел Началник на трката да прима награда од оној што трча…

Зошто Ти бараш од мене нешто што е над моите сили?

Не се осмелувам да го направам тоа, не знам како Светлината да ја измијам, не знам како Сонцето на правдата да Го осветлам.

Ноќта не го осветлува денот, оловото

не е почисто од злато, глината не може да го учи грнчарот.

Морето не позајмува води од потокот, реката нема потреба од капка вода,

чистотата не се очистува со скверност и

осудениот не Го пушта на слобода Судијата.

Јас треба од Тебе да бидам крстен. (Св. Јован Златоуст)3.angeli.so.truba

 

 

 3.angeli.so.truba

 
Христос, Создателот на сè, слезе долу на Земјата како роса, Го познаа како извор, се разлеа како река и беше крстен во водите Јордански. Оти слушнавте како Христос дојде кај Јована и беше крстен од него на Јордан. О, чудни нешта, несфатливи за умот! Како може бескрајната Река што го радува градот Божји да се потопи во едно ограничено водено пространство?! Како безграничниот Источник Кој дава живот на сите луѓе, беше покриен од привремени води?! Оној Кој е присутен насекаде, Кој е несфатлив за ангелите и невидлив за луѓето – доброволно доаѓа на крштение. Кога ќе ги слушнете овие нешта, возљубени, примете ги со силна вера и восхит.Оти Оној Кој беше незабележан од луѓето, не можеше да остане незабележан од водите. Го видоа водите и се уплашија, излегоа од своите речни токови. Затоа и Пророкот, гледајќи Го со духовни очи овој иден настан, таинствено прашува: Што ти стана тебе, море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш? А тие му одговорија: Го видовме Творецот на сета твар, како во вид на Слуга прима крштение во знак на смирение и откуп на човечките гревови, и се ужаснавме.
Свети Иполит Римски

 Еве ја Јорданската Теофанија, јасното откривање на Троичниот Бог!

 

 За Преминпортал подготви

Дејан Блажески

 20ти јануари 2021 лето Господово