TVITer93
Koгa нашата волја е раководена од самољубието и од земната мудрост, тогаш таа се обидува да одржува некаква средина, достојна за секаква осуда - средина меѓу овие два стремежа во нас, односно да се воздржува од телесните страсти, но да гледа да нема неугодности, кои се неизбежни кога се трудиме вистински да се воздржуваме од страстите и задоволувањето на духовните барања; кога сакаме да добиеме телесна чистота без да го накажуваме телото, без трудот на бдеењето да добиеме чистота на срцето и со давање спокој на телото да го добиеме изобилството на духовните добродетели; без борба против озборувањето да ја добиеме благодатта на трпеливоста; да го пројавуваме Христовото смирение без да ја губиме честа од луѓето; да ја следиме едноставната побожност и да не се одвојуваме од гордоста на овој живот; да Му служиме на Христа, а да не се оддалечуваме од славата и наклоноста на луѓето; да ја говориме одлучно Божјата вистина, а да немаме ни најмало навредување од луѓето.

Со еден збор, сакаме да ги придобиеме идните блага - без да ги загубиме благата на овој живот. Ваквиот однос спрема Христа не води кон вистинското совршенство; оние што сакаат на ваков начин да се спасат, ја губат топлината на својата душа и стануваат такви, какви што се оние за кои се говори во Откровението: " Ги знам делата твои; ти не си ни студен, ни жежок; О, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си ниту жежок, ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја“ (Откр.3,15-16). Но Божјата благодат, откако ќе дојде, ја поттикнува силата на духот и му дава возвишени стремежи, кои го ослободуваат од сѐ што е земно. Изложувајќи се на нивното влијание, душата веќе не може да остане рамнодушна и топло - студена, туку ќе почне да покажува ревност за она што е подобро и да жртвува за него сѐ што е од овој свет. Меѓутоа, во душата и понатаму останува тежнењето кон поранешниот спокој на рамнодушноста; таа е секогаш готова пак да се врати кон него.

За да не се случи ова, во телото остануваат движења кои им се спротивставуваат на возвишените стремежи, кои, откако ќе ги вкусиме тие возвишени блага, душата веќе не ги заборава и, штом ќе ги почувствува, оживува и се разгорува со сета своја ревност и силно се труди, за да ги задржи овие блага. И тогаш, кога волјата ќе дојде во оваа душевна состојба топла и студена, настанува борбата на телото и се разбудуваат неговите сили.

Од ова се гледа јасно, дека засекогаш би останале во состојбата на топлина, која Му е спротивна на Бога, ако од оваа состојба не би нѐ извела борбата која започнува во нас. Зашто во неа, кога, робувајќи му на самоугодувањето, ќе посакаме да направиме нешто што би ни причинило духовно задоволство, нашето тело веднаш востанува и ранувајќи нѐ со бодилата на гревовни движења и страсти, не ни дава да стоиме на пријатната чистинка, која толку многу ја сакаме, и нѐ вовлекува во задоволство што нѐ оладува и како да нѐ води на пат зараснат со трње. Но ова ја разбудува заспаната ревност за Бога; таа станува и ги одгонува непријателите кои ни се приближиле.

Дејствувајќи во нас секој ден, оваа борба нѐ доведува до одлучност: да го отфрлиме безгрижниот живот, па со многу напори и духовна скрушеност да го чистиме нашето срце: да го чистиме и нашето тело со строг пост, гладување, жедување и неспиење; да се издигнуваме во добра духовна расположба преку читање, размислување и непрестајна молитва.


Свети Јован Касијан Римјанин

 

Избор од фб профил на

Risto Tanev
Молитвата е разговор со Бога