38.machenici1

Како од оган плашете се да дејствувате според страстите. Каде што има макар и мала сенка на страст, таму не очекувајте ништо корисно. Тука се сокрива ѓаволот и тој сe' сплеткува.
    Не мислете, дека е дозволено слобода на мислите, чувствата, зборовите и движењата. Треба сe' да се  држи на узди, и да се управува со себе.


    Додека го одмарате телото не очекувајте ништо добро.
    Кога пиете вода, ја вадите и најмалата во неа падната мушичка; кога ќе ви влезе трн  во прстот, такашто трнот да е и едвај видлив за очите, вие се трудете да се ослободите од неспокојството што тој ви го причинува; кога во окото  ќе влезе и најмала прашинка и ви го заматува погледот, вие преземате секаков труд за што поскоро да го исчистите окото од  неа. Така поставете си себеси за закон, да дејстувате исто и во однос на страстите: во каков и мал вид тие да се пројавуваат, потрудете се да ги истерате, и тоа толку безмилосно, да не остане ни трага од нив.
    Окото на својот ум не симнувајте го од срцето, и сe' што оттука излегува зграбувајте го и распознавајте го: доброто - нека живее, а тоа што не е добро - треба веднаш да се умртви.


Свети Теофан Затворник

 

Избор од фб профил на

Православно секојдневие - Daily Orthodox